Најважните астрономски настани за 2018-та година

Најважните астрономски настани за 2018-та година

Космичкиот вртлог си продолжува додека нашиот дом, ситна сина точка во темнината, се движи низ просторот. Иако можеби сме заглавени овде на безбедно, тоа не значи дека не ги креваме погледите нагоре. Луѓето отсекогаш им се восхитувале на неверојатните астрономски настани секоја година. Па извадете ги календарите и обележете ги најважните моменти во 2018-та година.

Најважните астрономски настани за 2018-та година

31 јануари: Целосна лунарна еклипса и сина супермесечина

Првиот месец од годинава завршува со двоен лунарен настан. Ќе има целосна лунарна еклипса, прва на Земјата по повеќе од 2 години. Сенката на Земјата врз целото лице на месечината ќе ѝ даде посебна црвенкасто-кафеава боја. Токму поради оваа нијанса целосната лунарна еклипса го добила името „Сина месечина“. Овој настан највидлив ќе биде над Тихи Океан, пред зора ќе се гледа во западниот дел на САД и Јапонија, а за време на изгрејсонцето ќе се гледа од Јапонија, Кореја, Австралија и Филипините. Оваа месечина ќе биде и супермесечина, односно ќе биде поблиску до Земјата.

15 февруари: Делумна соларна еклипса

Оваа година нема да има целосна соларна еклипса, но ќе има 3 делумни. Оние кои ќе се наоѓаат во Северна Америка ќе може да сведочат на овој настан. Сонцето ќе биде покриено околу 10% до 20%. Над Антарктикот сонцето ќе бие покриено речиси половина.

20 март: Лансирање на леталото TESS

Вселенскиот телескоп на НАСА, Transiting Exoplanet Survey Satellite или TESS, ќе ја започне двегодишната мисија и ќе истражува над 200.000 светли ѕвезди во потрага по други егзопланети. Лансирањето ќе биде од Флорида на ракетата Falcon 9 на SpaceX.

22 април: Метеорски дожд Лириди

Овој метеорски дожд почнува на 14-ти и трае до 30-ти април. Највидлив ќе биде на 22-ри. Месечината ќе биде само четвртина полна, па нема да пречи во прегледноста. Најдобро време за набљудување на метеорскиот дожд ќе биде од полноќ до 5 часот наутро.

6 мај: Метеорски дожд Ета Аквариди

Халеевата комета е најпознатата комета на планетава. А трагата која ја остава резултира со овој годишен настан. Дождот не е драматичен како останатите, но ќе биде видлив неколку денови. Најдобро ќе се гледа околу 6-ти мај, и тоа на екваторот и на Јужната хемисфера.

13 јули: Делумна соларна еклипса

И оваа еклипса ќе покрие околу 10% од сонцето. Ќе биде видлива во Мелбурн и Тасманија.

27 јули: Целосна лунарна еклипса

Втората целосна лунарна еклипса ќе биде на средината на годината и ќе биде видлива за поголемиот дел од светот. Само Северна и Централна Америка нема да може да сведочат на настанот.

11 август: Делумна соларна еклипса

Третата и последна соларна еклипса за годинава ќе нуди и најголемо покривање на сонцето. Делови од Канада, Гренланд, Исланд, Кина, Русија, Скандинавските земји и Кореја ќе видат покривање и до 30%.

12 август: Метеорски дожд Персеиди

Овој метеорски дожд е омилен помеѓу љубителите на астрономијата. Кога е највидлив може да се забележат и до 60 метеори на час. Бидејќи месечината ќе биде млада, Персеидите ќе бидат лесни за забележување.

21 октомври: Метеорски дожд Ориониди

Овој метеорски дожд го добил своето име од соѕвездието Орион бидејќи изгледа како метеорите да доаѓаат од овде. Обично се забележуваат околу 10 до 20 метеори на час, но бидејќи месечината ќе биде полна, набљудувањето ќе биде потешко.

Ноември: Комета 38Р/Стефан-Отерма

Последен пат оваа комета поминала покрај Земјата во 1980-та година. Кометата ќе достигне перихел, односно ќе биде најблизу до сонцето на 26-ти август и би требало да биде видлива уште тогаш. Од Земјата ќе може да се набљудува до 2019-та година, но најзабележлива ќе биде во текот на ноември.

Ноември: Враќање на астероидот „Ноќта на вештерките“

Околу Ноќта на вештерките во 2015-та година, астрономите проучуваа астероид кој помина покрај Земјата на растојание поголемо само 1,3 пати од она помеѓу Земјата и месечината. Најинтересното нешто за овој астероид е тоа што наликуваше на човечки череп. Тој повторно се враќа покрај Земјата во ноември, а астероид со оваа големина нема да ни се доближи дури до 2027-ма година.

14 декември: Метеорски дожд Геминиди

Ова е можеби најневеројатното шоу на годината. Метеорите се појавуваат секоја година кога орбитата на Земјата ги „сече“ остатоците од астероидот 3200 Phaeton. Месечината ќе биде само една четвртина полна, па најдобро ќе биде да се набљудува во раните утрински часови. Очекувајте и до 100 метеори на час.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар