Најубаво облечени жени за оваа година
Американското списание „Vanity Fair“ и оваа година ја објави својата позната листа на најдобро облечени луѓе во светот. Од нив ви ги издвојуваме најубаво облечените дами. Сосема очекувано на листата се наоѓа Кејт Мидлтон, но овој пат не е на самиот врв, туку на второто место. Сепак, војвотката веќе четири години се наоѓа на оваа престижна листа и тоа постојано во самиот врв.Магазинот ја прогласи Кери Вашингтон, за најдобро облечена за оваа година. Нејзините комбинации ги фалат сите модни критичари, кои ѝ предвидуваат сјајна иднина, како во светот на актерите, така и во оној на модата.Едноставноста и строгиот пристап кон своите креации и го обезбедија на Викторија Бекам третото место на оваа листа. Потоа следи манекенката Жизел Бундшен, а петта е Бијонсе. На листата се наоѓаат и Брук Шилдс, Дита Вон Тиз, Шарлиз Терон, принцезата Летиција и многу други.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Bash ic ne se ubavo obleceni.