Најубавите тропски острови за бескрајно уживање на младите брачни парови

Најубавите тропски острови за бескрајно уживање на младите брачни парови

Летото на многумина им е омилена сезона, особено кога е во комбинација со летен одмор и сакана личност. Заедничкото летување побудува многу романтични чувства и ги зближува партнерите кои ја освежуваат својата љубов со сончевите зраци и солените води. Па, ако сè уште не сте одлучиле каде ќе патувате ова лето, погледнете ги најубавите тропски дестинации во наша близина каде што можете да имате навистина романтичен и незаборавен одмор.

1. Капри, Италија

Овој романтичен остров ќе ве остави без зборови. Тој се карактеризира со необичен релјеф и пријатна клима, правејќи го дестинација од соништата. Капри делува како да е исткаено од соништа и гламур, па затоа и воопшто не изненадува што низ историјата бил инспирација за многу уметници.

2. Санторини, Грција

Санторини често се нарекува место од бајките, па затоа и е идеален избор да ја претворите својата бајка во реалност. На овој остров ќе ги доживеете најубавите зајдисонца на светот. Крстарењето со бело вино додека ноќта паѓа на хоризонтот е искуство што без сомнение ќе ви стои во мислите уште многу години во иднина.

3. Миконос, Грција

Овој романтичен остров овозможува многу шанси за интимни моменти, како организирање приватни вечери под ведро небо, крстарење околу островот со мал брод и уживање во многубројните природни убавини во околината. Миконос изобилува со идилични плажи, а особено е возбудливо навечер за оние парови што обожаваат да излегуваат.

4. Ровињ, Хрватска

Ровињ е најромантичниот град во Хрватска? Некои дури велат и дека е вистински бисер на Јадранот. Ровињскиот архипелаг се состои од 22 острова, секој поубав од претходниот. Збиените, камени куќи ќе ве вратат во времето на ренесансата и ќе ви овозможат да уживате во својата љубов на автентичен начин.

Погледнете ги и овие 3 прекрасни летни дестинации од „соседството“, одлични за овогодишниот одмор!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар