Најубавите новогодишни елки ширум светот

Најубавите новогодишни елки ширум светот

Новогодишните елки имаат долга и богата традиција, но како што минува времето, луѓето наоѓаат сè понови и покреативни начини да го претстават значењето на божиќното дрво. Во модерно време ни се чини дека забораваме што всушност означува елката и луѓето просто се натпреваруваат кој ќе ја накити подобро, побогато, пооригинално.

Но, што ако светски најпознатите градови и места влезат во трката за најубава елка? Тогаш станува збор за голема конкуренција. Ова се дел до најубавите елки ширум светот кои ќе направат да ја гледате вашата елка дома со сосем поинакви очи.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

1. Рио де Жанеиро, Бразил

Оваа новогодишна елка во вториот по големина град во Бразил плови над каналот Родриго џе Фреитас. На сликата се прикажани огнометите од неговото прво претставување на јавноста, но да бидеме искрени и без огнометите изгледа величествено. Секоја година оваа елка симболизира различни нешта, а оваа година беа одбрани сонцето, месечината и ѕвездите како симболи за светлината во животот на луѓето.

Најубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светот

2. Рокфелер центарот во Њујорк

Уште од 1933, секоја година на Рокфелер во Њујорк се поставуваат величествени новогодишни елки. Околу 45.000 светилки го осветлуваат ова дрво на официјалната церемонија на неговото поставување секоја година, придружено со концерт во живо.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

3. Плоштадот Трафалгар во Лондон

Секоја година плоштадот Трафалгар во Лондон добива божиќно дрво како подарок од Норвешка. Ова е знак на благодарност за помошта на Англија за време на Втората светска војна. Повеќето од подарените дрва се стари преку 60 години, што значи дека растеле за време на Втората светска војна.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

4. Галери Лафајет, Париз, Франција

Во луксузната стоковна куќа во Париз, секоја година се поставува масивна елка која личи како огромно чудовиште кое го запоседнало местото. Оваа година за декорацијата на елката се погрижил американскиот уметник Пол Мекарти, кој бил критикуван бидејќи дрвото изгледало како секс-играчка. Елката подоцна била уништена од вандали.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

5. Бранденбуршка порта, Берлин, Германија

Постои голема иронија во поставувањето на ова прекрасно новогодишно дрво пред познатата Бранденбуршка порта во Берлин. Иако божиќното дрво е симбол на добрината кон луѓето, Бранденбуршката порта во Берлин некогаш била користена за разни церемонии на нацистите.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

6. Божиќната елка од лего коцки во Лондон, Англија

Оваа интересна елка е поставена на познатата железничка станица Свети Панкрас во Лондон. Кога ќе помислите да се пожалите што ќе мора да ги спакувате сите украси од вашата елка на крајот на сезоната, само помислете како им е на оние кои ја склопувале, а треба и да ја расклопат оваа елка.

Најубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светот

7. Плоштадот Св. Петар во Ватикан

Божиќ е свет празник, а тоа секако мора да се почувствува во Ватикан. Со таа цел, плоштадот Св. Петар го краси масивно осветлено божиќно дрво, подарок од германската држава Баварија.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

8. Монте Ингино, Губио, Италија

Планината Ингино над градот Губио ја осветлува не едно, туку повеќе дрва кои заедно даваат форма на голема новогодишна елка. Импресивно, нели? Но, тоа не е сè. Командата за осветлување на оваа елка ја дава папата и тоа со помош на таблет. Што да се прави кога технологијата напреднала толку.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

9. Божиќното дрво во Вашингтон, САД

Замислете само како му е на претседателот на САД. Покрај сите стресни обврски, треба да се грижи и за големото новогодишно дрво во Вашингтон. Уште од времето на Френклин Рузвелт, претседателот на САД е главен во церемонијата на официјалното претставување на дрвото секоја година.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

10. Кор Делејн, Ајдахо, САД

Ова дрво покрај реката Кор Делејн не е центар на внимание само за време на новогодишните и божиќните празници, туку преку целата година. Станува збор за огромно дрво кое се декорира за време на празниците.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

11. Федеративниот плоштад, Мелбурн, Австралија

Божиќ во Австралија е малку поразличен… или многу. Температурата во ова време од годината може да достигне дури до 40˚C, па проценете сами. Но, ова не е пречка за прекрасното божиќно дрво да се издигне на плоштадот, збунувајќи ги децата кои гледаат симбол на снежен Божиќ кога надвор сè се топи од жештината.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

12. Пуерта де Сол, Мадрид, Шпанија

Иако можеби не ви изгледа така, божиќното дрво во Мадрид не е вистинско дрво туку скулптура направена од метал и стакло.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

13. Плоштадот Сиам, Бангкок, Тајланд

Иако луѓето од Тајланд не доживуваат снежен Божиќ, имаат огромно божиќно дрво на влезот на познатиот трговски центар Central World.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

14. Плоштадот Комерцио, Лисабон, Португалија

Оваа елка е најголемата во Европа. Нејзината висина може да варира зависно од дозволената граница, а цврсто се потпира на метал. Импресивно, нели?

Најубавите новогодишни елки ширум светот

15. Божиќното дрво во Мурано, Италија

Уште од 1291, Мурано е познат како центар за изработување на најфиното стакло. Правењето новогодишна елка од она по што овој дел од Италија е најпознат е одлична идеја.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

16. Emirates PalaceHotel, Абу Даби

Луксузниот хотел со 7 ѕвезди на Емиратите е достоен за ваква елка. Ако некој се обиде да украде макар дел од украсите на оваа елка ќе се соочи со затворска казна. Дрвото е декорирано со скапоцени украси вредни над 11 милиони долари.

Најубавите новогодишни елки ширум светот

17. Божиќниот пазар во Дортмунд, Германија

Оваа елка е всушност направена од 1.700 мали борчиња кои се издигнуваат околу 45 метри во висина.

Најубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар