Најубавите национални костими на „Мис Универзум 2011“
Натпреварот за најдобар национален костим е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.
Оваа година изборот се одржува во Сао Паоло, Бразил, а на јубилејното шеесетто одржување на оваа манифестација, за круната се борат 89 земји. Тоа е нов рекорд, бидејќи досега максималниот број на земји учеснички изнесуваше 86, во 2006 година.
Секој костим некако ја одликува земјата која ја претставува нејзината претставничка, па така креативноста, традицијата и обичаите даваат феноменални креации, кои оставаат без зборови. Погледнете дел од најинтересните костими кои ги носат убавиците од светот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
A Makedonskiot? 😀 Ili nas ne nema tamu? 😀
Navistina se interesni – Cile, Argentina, Kolumbija, Germanija….more site 🙂