Најубавите места за патување со воз

Најубавите места за патување со воз

Доколку имате доволно слободно време и сакате да направите мала промена во вашиот живот, оставете го автомобилот зад себе и заборавете на авионските летови. Возењето со воз не само што ќе ве опушти, туку и ќе ви овозможи неверојатни и незаборавни доживувања кои ќе останат во вашите мисли уште долго време. Па, доколку решите дека би сакале да се впуштите во ваква авантура, тогаш ви ги препорачуваме следниве неколку места на планетата Земја со неверојатни пејзажи кои без сомнение ќе ве остават без зборови.

Експедицијата Ган низ Австралија

(1) Најубавите места за патување со воз

Скратено од Афган Експрес, возот Ган ќе ве прошета низ срцето на Австралија во удобни приватни кабини. Започнувајќи од бескрајните зелени ливади во Аделаида, па сè до тропскиот Дарвин, пејзажите постојано се менуваат за време на експедицијата. На секоја станица, вие можете да одберете од најразличните екскурзии кои дополнително ќе ве запознаат со ова неверојатно парче земја, меѓу кои едни од најпопуларните се рудниците во Кубер Педи и летањето со хеликоптер над Националните паркови Какаду и Нитмилук.

Цена: Од 2.359 долари, па нагоре, за 4-дневна авантура.

Глечерскиот Експрес низ Швајцарија

(2) Најубавите места за патување со воз

Станува збор за совршената еднодневна прошетка, која вклучува 8-часовно возење низ Швајцарските Алпи, проследено со панорамски погледи на околината. На ова патување би виделе неверојатни замоци, шармантни села и пејзажи кои ќе ви го одземат здивот.

Цена: Од 183 долари (плус 33 долари за резервација), па нагоре, за 1 ден.

Карпестиот Планинар низ Канада

(3) Најубавите места за патување со воз

5-те неверојатни рути вклучуваат патување од Ванкувер до Вистлер, од Банф до Џаспер и потоа низ пространите области на Големиот Бел Север. Не сте сигурни колку време сакате да патувате? Можете да изберете помеѓу пократката рута од само 2 дена и подолгата 11-дневна авантура. Без разлика на вашата одлука, вие ќе имате доволно време да ги протегнете нозете бидејќи навечер ќе спиете во хотели.

Цена: Од 1.295 долари, па нагоре, за 2 дена.

Венецискиот Симплон Ориент Експрес од Париз

(4) Најубавите места за патување со воз

Овој воз тргнува само еднаш годишно и овозможува романтично искуство од Париз, низ Будимпешта и Букурешт, до Истанбул во текот од 6 дена. Помеѓу вкусните оброци, бескрајниот шампањ и живата музика, вие лесно ќе изгубите чувство за време додека ги набљудувате неверојатните пејзажи на другата страна од вашиот прозорец.

Цена: Од 9.180 долари, па нагоре, за 6 дена.

Источниот и Ориенталниот Експрес од Бангкок

(5) Најубавите места за патување со воз

Од Бангкок до Сингапур, вие ќе бидете транспортирани низ брзи градови, но и мирни селца. Имате можност да ги набљудувате неверојатните пејзажи од вашата приватна кабина или пак, да уживате во надворешната опсерваторија на возот. Во средината на 4-дневното патување, ќе имате можност и да пловите под неславниот мост на реката Кваи.

Цена: Од 2.690 долари, па нагоре, за 4 дена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар