Најубавите љубовни цитати од незаменливиот Харуки Мураками

Најубавите љубовни цитати од незаменливиот Харуки Мураками

Малкумина можат да ја доловат комплексноста на животот и љубовта толку добро колку Харуки Мураками. Овој извонреден писател раскажува приказни за ликови кои очајно бараат љубов, кои никогаш не размислуваат за љубов, кои љубат некој кој никогаш нема да им ја возврати љубовта, кои не знаат како да љубат и за оние кои не чувствуваат ништо иако добиваат љубов. Без разлика дали можете се пронаоѓате во ликовите на Мураками или не, сепак вреди да ги прочитате неговите љубовни цитати кои ќе ве наведат на размислување…

Најубавите љубовни цитати од незаменливиот Харуки Мураками

„Ако можете да сакате некого со целото ваше срце, дури и да се работи за една личност, тоа ќе ви донесе спасение во животот. Дури и да не можете да бидете со таа личност.“

„Двајца луѓе можат да спијат во истиот кревет, а сепак да бидат осамени кога ќе ги затворат очите.“

„Речиси сите работи што мислиш дека ги знаеш за мене, не се ништо повеќе од сеќавања.“

„Можете да ги скриете сеќавањата, но не можете да ја избришете историјата што ги создала.“

„Потрошете ги парите на работи што можат да се купат со пари. Потрошете го времето на работи што не можат да се купат со пари.“

„Срцата не се поврзани едно со друго само преку хармонија. Тие се длабоко поврзани преку нивните рани. Болката се поврзува со болка, ранливоста со ранливост. Не постои тишина без плачот на тагата, не постои прошка без крвопролевање, нема прифаќање без загуба. Сето ова лежи во коренот на вистинската хармонија.“

„Понекогаш станувам многу осамен кога спијам со тебе.“

„Понекогаш се чувствувам како чувар во музеј. Голем, празен музеј каде што никој, никогаш не доаѓа. Го чувам за никој друг освен за себе.“

„Што се случува кога луѓето ќе си ги отворат срцата? Стануваат подобри.“

„Одвреме-навреме чувствувам насилен бодеж на самотија. Самата вода што ја пијам, воздухот што го дишам се како долги, остри игли. Страниците на книгата во моите раце се претвораат во заканувачки сечила со метален сјај. Можам да ги чујам корените на самотијата како ползат низ мене, кога целиот свет е замолчен во 4 часот наутро.“

„Секој од нас губи нешто што му е драгоцено. Изгубени шанси, изгубени можности, чувства што никогаш повторно не можат да се вратат. Тоа е дел од начинот на кој се живее.“

„Дали е возможно, по конечната анализа, едно човечко суштество да постигне совршено разбирање за друго? Можеме да вложиме многу време и енергија да запознаеме некого, но на крајот на краиштата, колку можеме да се доближиме до човечката суштина? Се убедуваме себеси дека добро познаваме некоја личност, но дали навистина знаеме нешто значајно за некого?“

„Ако се сеќаваш на мене, тогаш не ми е гајле дали сите други ќе ме заборават.“

Доколку ги обожавате книгите на овој неверојатен писател, тогаш сигурно ќе ви се допаднат и овие топли и моќни цитати од Харуки Мураками.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар