Најубавите изреки за децата и семејството
Во брзото и динамично секојдневие често забораваме да им покажеме на нашите најблиски колку ни значат. Поради тоа е важно никогаш да не заборавиме да ги прегрнеме и да ги потсетиме колку ги сакаме. Прочитајте ги овие цитати за семејството и потсетете се колку е важно да се одржува топлината, заедништвото и љубовта.
„Мажот никогаш не е поголем отколку кога ќе клекне и ќе му помогне на детето.“ – Абрахам Линколн
„Сите среќни семејства личат едни на други, а секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ – Лав Николајевич Толстој
„Јас имам многу цвеќиња, но најубави цвеќиња се децата.“ – Оскар Вајлд
„Детството личи на крстарење по облаци. Кога се горе, небесната шир изгледа вечна, но на земјата нè чекаат многу препреки и планини.“ – Шан Са
„Три нешта ни останале од рајот: ѕвездите во ноќта, цвеќињата преку ден и детските очи.“ – Данте Алигиери
„Човештвото им должи на децата сè најдобро што може да им се даде.“ – од Декларацијата за правата на децата
„Ако сакаме нешто да промениме кај децата, треба прво да провериме дали тоа нешто треба да го промениме и кај нас самите.“ – Карл Густав Јунг
„Човекот е најблизок со себе кога ќе постигне сериозност како што има дете кое си игра.“ – Хераклит
„Децата не се боенки, па да можеме да ги исполниме со своите омилени бои.“ – Халед Хосеини
„Мајчиното срце е длабок понор на чие дно се наоѓа простувањето.“ – Оноре де Балзак
„Паметните родители им дозволуваат на своите деца и да згрешат.“ – Ганди
„Татковците не можат да направат ништо позначајно за своите деца од тоа да ја сакаат нивната мајка.“ – Жан-Жак Русо
Прочитајте и зошто најсреќното семејство никогаш не е и совршено.