Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

Градовите опкружени со ѕидини се привлечни за туристите токму поради фактот дека најчесто се карактеризираат со богата историја. Ѕидините укажуваат на фактот дека овие градови сигурно биле важни стратешки точки во минатото, па оттука произлегува и нивниот шарм и привлечност на туристичка дестинација. Во продолжение откријте ја нашата листа на 4 најубави градови во светот опкружени со ѕидини.

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

1. Дубровник, Хрватска

Попознат уште како „бисер на Јадранот“, Дубровник играл голема улога во минатото од аспект на поморската трговија и бил доволно моќен дури и да ѝ се спротивстави на Венеција. Многубројните знаменитости на градот го прават Дубровник идеална дестинација за одмор, особено во текот на летната сезона.

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

2. Тимбукту, Мали

Еден од најимпозантните градови со ѕидини е токму мистериозниот Тимбукту. Почетоците на градот датираат од 13 век кога била основана трговска населба, а дури во 16 век биле изградени карактеристичните ѕидини од ќерпич. Градот е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, но за жал голем дел од неговите светилишта се уништени од страна на бунтовниците.

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

3. Толедо, Шпанија

Толедо е еден од неколкуте градови со најдобро зачувани средновековни ѕидини. Римска тврдина, главен град на Визиготите, но и на моќната шпанска империја, овој град честопати е занемарен од страна на туристите кога станува збор за посета на Шпанија. Сепак, градот изобилува со знаменитости и долга историја во која подеднакво се застапени христијанската, еврејската и маварската култура.

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

4. Каркасон, Франција

Каркасон е несомнено еден од најубавите градови во Јужна Франција. Основан од страна на Визиготите во 5 век, градот е дел од листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Една од неговите главни туристички атракции е реновираниот средновековен замок. Доколку сте љубител на вино не пропуштајте да ги посетите и малите живописни села со винови насади распослани во околината на градот.

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

Откако ја прочитавте нашата листа со најубавите градови опкружени со ѕидини, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини