Најубавите цитати за најважната жена во нашиот живот – нашата мајка
Не постои поголема жртва на светот од онаа што нашата мајка ја прави за нас. Всушност, таа е најдобрата жена во нашиот живот. Таа е наш водич, учител и е одговорна за она што сме ние денес. Било да сме тажни или среќни, таа е секогаш покрај нас, дарувајќи ни безусловна љубов.
Невозможно е да се опише со зборови врската помеѓу мајката и своите деца, но преку овие прекрасни цитати се обидуваме да ви пренесеме барем дел од оваа меѓусебно нераскинлива нишка.
„Растењето не значи ништо за една мајка. Детето си е дете. Тоа станува поголемо, постаро, но да порасне? Што треба тоа да значи? Во моето срце тоа не значи ништо.“ – Тони Морисон
„Открив дека кога гледаш во твојата мајка, всушност гледаш во најчистата љубов којашто некогаш ќе ја имаш.“ – Мич Албом
„Никој на светот не може да го замени местото на твојата мајка. Без разлика дали сте во право или грешите, од нејзино гледиште вие секогаш сте во право. Таа може да ве прекори за малите нешта, но никогаш за големите.“ – Хари Труман
„Мојата мајка ми даде живот и никогаш не побара ништо за возврат. Тоа е нејзината тајна, знаете, секогаш дава без да очекува нешто за возврат. Таа е константа како изгрејсонцето, месечината, ѕвездите, и јас сметам на неа. Низ годините таа ми помага да го пронајдам својот пат, притоа правејќи го тоа со насмевка. Постојат некои нешта коишто само мајката може да ги направи.“ – Непознат автор
„Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките.“ – Дејвид К. Грос
„Мојата мајка е мој херој. Таа ме инспирираше да сонувам кога бев дете, па секогаш кога некој те инспирира да сонуваш, тоа треба да е твојот херој.“ – Тим Мекгро
„Мајката е онаа личност која може да го замени местото на секој, но чие место никој друг не може да го земе.“ – Непознат автор
„Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството.“ – М. Расел Балард
„Мојата мајка беше најубавата жена која некогаш сум ја видел. Сè што сум денес ѝ должам на мојата мајка. Го препишувам мојот успех на моралното, интелектуалното и физичкото образование коешто го добив од неа.“ – Џорџ Вашингтон
„Мајката е најдобриот пријател, филозоф и водач. Таа е многу повеќе од бестрашна жена, таа е дури повеќе и од учител и е најдобрата личност во мојот живот.“ – Непознат автор