Најубавите цитати од Руми за животот и љубовта
Руми бил поет и научник од тринаесеттиот век. Тој го поминал животот пишувајќи ги најубавите цитати за љубовта и животот на кои и денес им се восхитуваме. Во продолжение прочитајте дел од нив.
„Ако куќата на светот е темна, љубовта ќе најде начин да изгради прозорци.“
„Половината од животот го трошиме во шармирање на другите. Другата половина, пак, ја трошиме во нервози предизвикани од другите. Оставете ја оваа игра. Доволно долго ја игравте.“
„Збогувањата се само за оние кои љубат со своите очи. Затоа, за оние кои сакаат со срцето и душата не постои такво нешто како разделбата.“
„Откриј ја сладоста во сопственото срце, тогаш можеби ќе ја најдеш сладоста и во срцата на другите.“
„Мудроста ни вели дека не сме достојни, а љубовта ни кажува дека сме. Мојот живот се одвива меѓу овие две идеи.“
„Љубовта е река. Пијте од неа.“
„Не можете да се пазарите со љубовта. Овде изборот не е повеќе ваш.“
„Препуштете му се на она што вистински го посакувате. Тоа никогаш нема да ве однесе на погрешен пат.“
„Љубовта е религија, а универзумот е книга.“
„Се срамам да ја наречам човечка оваа љубов, но и се плашам од Бога да ја наречам божествена.“
Откако ги прочитавте најубавите цитати на Руми, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.
Извор: yourtango.com