Најубавите цитати на Ван Гог за љубовта и успехот!

Најубавите цитати на Ван Гог за љубовта и успехот!

Зачекорете во светот на Винсент Ван Гог преку неговите најубави цитати! Овој легендарен холандски пост-импресионистички сликар остави неизбришлива трага во светот на уметноста, создавајќи 2.100 неверојатни дела кои продолжуваат да ја воодушевуваат публиката ширум светот. И покрај бројните неуспеси и борби во текот на неговиот краток, но сепак бурен живот, уметноста на Ван Гог е пример дека убавината може да се најде на најнеочекуваните места.

Најубавите цитати на Ван Гог за љубовта и успехот!

„Премногу ги сакав ѕвездите за да се плашам од ноќта.“

„Љубовта секогаш носи тешкотии, тоа е вистина, но нејзината добра страна е тоа што дава енергија.“

„Љубовта е нешто вечно; може да се промени аспектот, но не и суштината.“

„Љубовта ја тера душата да исползи од нејзиното скривалиште.“

„Нормалноста наликува на асфалтиран пат: удобно е да се оди по него, но овде не растат цвеќиња.“

„Посакувам тие да ме прифатат таков каков што сум.“

„Почетокот е можеби најтежок од сè друго, но верувајте во себе бидејќи сè ќе биде во ред.“

„Единствената лекција што треба да ја научиме во овој живот е да научиме да страдаме без да се жалиме.“

„Каков би бил животот ако немавме храброст да се обидеме?“

„Успехот понекогаш е резултат на цела низа неуспеси.“

„Попрво би умрел од страст отколку од досада.“

„Секогаш го правам она што сè уште не можам да го направам, за да научам како да го направам.“

Откако ги прочитавте најубавите цитати на Ванг Гог за љубовта и успехот, можеби ќе сакате да ги прочитате и најубавите цитати од Руми за животот и љубовта.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар