Најубавите цитати на Стив Џобс за животот

Најубавите цитати на Стив Џобс за животот

Не пропуштајте ги инспиративните цитати на еден од најиновативните претприемачи на сите времиња, Стив Џобс.

Најубавите цитати на Стив Џобс за животот

„Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот се оние кои го прават тоа.“

„Во изминатите 33 години секое утро се гледав во огледало и се прашував: „Да беше денес последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што ќе го направам денес?“. Секогаш кога одговорот беше „не“ премногу денови по ред, знаев дека морам да сменам нешто.“

„Најдобриот начин да ја избегнете замката од помислата дека има нешто што можете да го изгубите е да се сетите дека кога-тогаш ќе умрете. Веќе сте соголени. Нема причина да не го следите сопственото срце.“

„Горд сум на работите кои ги направивме, но и на работите кои не ги направивме. Иновацијата лежи токму во тоа да се каже „не“ на илјадници нешта.“

„Фокусот и едноставноста се моите мантри. Едноставното може да биде потешко од сложеното – морате да вложите многу труд за вашите мисли да станат едноставни.“

„Убеден сум дека она што ги одвојува успешните од неуспешните претприемачи е истрајноста.“

„Технологијата и не е толку важна. Она што е важно е да имате верба во луѓето, да верувате дека тие се добри и паметни и дека ако им ги дадете потребните алатки тие ќе направат прекрасни работи со нив.“

„Моите омилени работи во животот се бесплатни. Јасно ни е дека најскапоцениот ресурс што сите ние го поседуваме е нашето време.“

„Имајте храброст да ги следите срцето и интуицијата. Тие знаат што навистина сакате да постигнете.“

„Вашето време е ограничено и затоа не трошете го живеејќи ги туѓите животи. Не дозволувајте туѓите размислувања да ви влијаат. Не дозволувајте вревата од туѓите мислења да го задушат вашиот внатрешен глас.“

Откако ги прочитавте најпознатите цитати на Стив Џобс, можеби ќе сакате да прочитате и за 5 -тенајважни навики на луѓето што секогаш победуваат во животот.

Извор: hubspot.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар