Најубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синот
Еден корисник на сервисот Reddit потпишан под псевдонимот justgrant2009 се пофалил со многу интересен и емотивен свадбен подарок кој го добил од својата мајка. Додека тој растел, неговата мајка собирала сè што тој оставал во своите џебови, кога ги оставал алиштата за перење.
„Додека растев, кога ќе заборавев нешто во моите џебови и ќе ги ставев алиштата за перење, мајка ми секогаш ќе провереше дали нешто сум заборавил и доколку најдеше нешто, го ставаше во една стаклена тегла на најгорната полица во собата за перење. Паметам како дете, толку многу посакував некои од тие работи да ги добијам назад, но беше забрането дури и да ѝ се доближиш на теглата. Кога помина време и бев доволно возрасен за да можам да се прикрадам и да дојдам до неа, веќе ја прифатив ситуацијата и сфатив дека нема да ги добијам тие работи назад.
Поминаа многу години и целосно заборавив на теглата, сè до минатиот мај. Се оженив, и на пробната вечера, кога моите родители држеа говор, мајка ми од под масата извади една голема украсна кеса. Таа одржа краток говор објаснувајќи како со текот на годините таа ги собирала работите од моите џебови и во тој момент сфатив ’Ќе ја добијам теглата’. Почнав да плачам уште пред да заврши да зборува. Откако заврши, ја отворив кесата и видов дека не само што ја добив теглата, туку дека ја добивам во форма на ламба (и да, таа го затворила врвот на ламбата, па сѐ уште не можам да ја отворам)“ – напиша тој.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
navistina mnogu mi se dopadna bravo za majkata