Најубавата шминка е насмевката: Како мажите ги гледаат природните жени?
Сè уште постојат едноставни и обични луѓе, кои и покрај овие карактеристики се многу интересни во својата едноставност. Но, што мислат просечните мажи за девојките кои не носат шминка и зошто тие повеќе ги преферираат од „силиконските“ девојки?
На мажите најмногу им се допаѓаат девојките кои наместо шминка носат насмевка и со неа го разубавуваат своето лице. На нив им се допаѓаат девојки кои во себе носат прекрасна енергија која може да биде забележана преку сјајот во нивните очи. Сепак, за некои луѓе овие девојки не се ништо повеќе од обични и нормални. Но, не секој може веднаш да ја забележи вистинската природна убавина на една личност.
Просечните и обични мажи многу лесно ги препознаваат природните девојки и токму тие ги привлекуваат. На нив, природните девојки кои се постојано насмеани им се многу попривлечни бидејќи ги категоризираат како личности кои имаат душа и добрина во себе. Овие девојки се насекаде околу нас, но не сите имаат моќ да ја забележат нивната убавина и природност. Токму затоа, следен пат отворете ги очите пошироко…
A sto ne e vo red so nasminkanite zeni?