Најтешките олимписки дисциплини
Спортските натпревари на Олимписките игри, по правило, се едни од потешките, но одредени олимписки дисциплини се издвојуваат како најтешки.
Маратонско пливање
Маратонското пливање е една од најтешките олимписки дисциплини, затоа што потребно е да се вложат натчовечки напори сè со цел да се препливаат 10 километри за 2 часа. Освен тоа што целото тело ви лебди во вода, постојано треба да се справувате со брановите, струите, живиот свет, а понекогаш дури и со канализацијата.
Борење
Доколку Александар Карелин, рускиот трикратен освојувач на златниот медал во супер тешка категорија во грчко – римски стил ве нападне, дали би знаеле како да се одбраните? Борењето се смета за доста тежок спорт затоа што натпреварите се одвиваат во текот на еден ден, што значи дека секој натпреварувач мора да победи во 5 напади, во текот на 3 рунди, кои траат по 2 минути.
Бокс
Во едно американско истражување за биомеханичките удари во глава учествуваа седум олимписки боксери. Резултатите беа следниве: брзината на ударот со рака изнесува 15,24 метри во секунда, просечната тежина на ударот изнесува 2,9 килограми, додека силата со која се поместува главата во моментот на ударот е 53 пати поголема од силата на гравитацијата.
50-километарско брзо одење
Брзото одење цели 50 колиметри придонесува опаѓање на крвниот притисок до тој степен што губите контрола и воопшто не го чувствувате телото од половина надоле. Овој факт е потврден дури и од искусниот натпреварувач во брзо одење на 50 километри, русинот Сергеј Бакулин.
Кругови (гимнастика)
Ова е една од најтешките гимнастички олимписки дисциплини и затоа во неа се натпреваруваат само мажи. Алберт Азарјан, американецот кој освои златен медал за Советскиот Сојуз во оваа дисциплина во 1956 и 1960 година, беше првиот кој ја изведе позата позната како „Железен крст“ или „Распетие“.
Теквондо
Теквондо е стара корејска боречка вештина, но и една од најстарите олимписки дисциплини. Тука ударите во глава кои предизвикуваат потреси се вообичаени, додека екстремната природа на теквондото носи ризик од сериозни повреди на лигаментите.
Десетобој и седмобој
Да се натпреварувате во збир од десет, односно седум атлетски дисциплини, е навистина тешка задача. Натпреварите во десетобој и седмобој се одржуваат во рок од два дена, а само една мала повреда може да биде пресудна за понатамошното натпреварување во овие дисциплини.
Скок во вода
Скоковите во вода се сметаат за тешки заради неколку причини. Како прво, скокалницата е висока 10 метри, потоа, за време на скокот треба да се завртите за 180 степени, а рамнотежата на скокалницата треба да ја одржувате со помош на прстите. При вртењето треба да бидете исклучително внимателни за да не добиете повреда, а при конечното влегување во вода треба да заземете вертикална положба.
Пинг-понг
Пинг-понгот не е само еден од најтешките, туку и еден од најбрзите спортови. Тежината на овој спорт се состои во големата концентрација и брзите реакции кои се потребни за да се натпреварувате во пинг-понг. Се смета дека пинг-понг топчето се врти и до 150 пати во секунда.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кајакот на диви води е тешка дисциплина, иако можеби не изгледа така за некој што не е добро упатен во тој спорт.