Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат

Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат

Велат дека нема потежок и потажен момент во животот на еден човек од оној кога ќе го загуби детето. Само тие самите знаат каква е таа агонија и колку е тешко човек да ги лекува раните од тоа. Еден од начините да си помогнат себеси е да направат фотографии од последните мигови додека се со своето дете, во моментите кога го кажуваат последното и најтажно збогум. Тоа први го направиле Шерил Хагард и нејзиниот сопруг кога во 2005 година нивното дете требало да биде исклучено од апарати за дишење и било познато дека нема да може никогаш да се движи, голта, ниту да дише самостојно. Ја повикале фотографката Сенди Пак за да ги фотографира за последен пат со детето.

„Таа ноќ беше најлошата во мојот живот. Но кога ќе погледнам во сликите, тие не ме потсетуваат на најлошата ноќ. Ме потсетуваат на убавината и благословот кој тој ги донесе“, објаснува Шерил.

Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат

Денеска таа води непрофитна организација која им овозможува на тажните родители да ги овековечат последните мигови со своите деца кои умираат и на тој начин да им помогне во заздравувањето. Организацијата се вика „Сега легнувам за да заспијам“ (NоwILayMeDowntoSleep) и веќе има над 1.650 волонтери во 40 земји во светот. Тие ги обучуваат фотографите-волонтери како да направат фотографија која ќе претставува, како што велат тие „прекрасен портрет за наследство“. Додаваат дека фотографиите се еден од највредните сувенири кои родителот може да ги има од своето дете кои ја покажуваат врската и љубовта меѓу нив и дека тие ќе останат за идните генерации да се сеќаваат на краткиот живот кој некогаш постоел.

Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат

На нивниот веб-сајт има и повеќе сведоштва од луѓе кои ја користеле оваа услуга, а едно од нив вели:

„Во сабота, 17 март 2012 година околу 10.45 ч. му кажавме здраво и збогум на нашиот сакан син. Страшно е тоа што тој физички не е повеќе со нас. Сепак, драго ни е што постои вашата организација и што ни овозможи вечни спомени преку фотографиите од бебето. Благодарни сме и фала му на Бога што ги имаме овие слики за да го паметиме нашето мало ангелче засекогаш. Нека Господ продолжи да ве благословува вас како што вие ги благословувате семејствата кои поминуваат низ тешки времиња.“

Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат Најтажното збогум: Родители ја овековечуваат разделбата од своите бебиња кои умираат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар