Најстрашните суштества фатени на камера
Во секој дел од светот има приказна за некој чуден и необјаснив феномен. Од вампири до духови, овие паранормални активности биле забележувани со години, па дури и со векови. Но, многу истражувачи не успеале да ги потврдат овие приказни. Сè што имаме за некои од овие мистерии се само овие фотографии.
Дали станува збор за игра на светлината, или пак има нешто што науката не може да го објасни? Вистината е дека можеби никогаш нема да добиеме објаснување, но ве оставаме вие да одлучите што мислите за фотографиите во продолжение.
1. Морничава фотографија која се прослави во 2014 година
Оваа фотографија е направена од геолог кој работел во Ново Мексико. Суштеството на фотографијата многу наликува на чудовиште од индијанскиот фолклор кое ја менува својата форма. Многу луѓе сметаат дека фотографијата била најава за научно фантастичен филм од 1980-тите (Xtro) но дали е навистина тоа?
2. Паднатиот ангел од Каталонија
Двајца мажи истражувале шума во Каталонија, Шпанија, кога го забележале ова суштество со светкави очи. Некои љубители на теориите на заговор тврдат дека постоело и видео кое е доказ дека мажите ја лажирале фотографијата, но некои не се многу сигурни во тоа.
3. Чудовиштето од Австралија
Оваа фотографија била направена во 1963 година од страна на Роберт Серек во Квинсленд. Никој не можел да каже на кој вид му припаѓа ова суштество. Некои луѓе тврдат дека Серек бил бркан од чудовиштето кое сакало да го изеде. Конечно, луѓето претпоставиле дека станува збор за огромна црна пластична вреќа, а не за чудовиште.
4. Семејната фотографија на Куперови
Ова семејство купило куќа во Тексас во 1950-тите години. Кога ја направиле фотографијата биле шокирани од она што го виделе. Некои луѓе тврдат дека на фотографијата се наоѓа духот на претходниот сопственик, а други тврдат дека станува збор за Фотошоп. Како и да е, фотографијата е навистина морничава.
5. Чудовиштето на патот во Весекс
Улична камера го „уловила“ ова чудовиште на еден од патиштата во Весекс, Англија. Многу луѓе тврделе дека станува збор за легендарниот врколак кој живеел овде. Други сметаат дека станува збор за елен кој ја поминува улицата и ништо повеќе.
Продолжува на следната страница…