Најстарите музеи во светот

Најстарите музеи во светот

Автор: Горана Коневска

Сè додека не измисли човекот машина за патување низ времето, наша единствена шанса да зачекориме во минатото е да влеземе во музеј. И книгите исто така претставуваат добар метод за истото, но ништо не може да се спореди со разгледување на елементи кои биле користени или произведени во одреден период во историјата. Доколку сакате неверојатно патување, посетете некој од најстарите музеи на планетата. Освен археолошки откритија, овие музеи ќе ви презентираат и некои од светските уметници кои имаат оставено голем печат на денешната уметност и на нашите животи.

1. Музеј Капитолини

Ова место е сплет од неколку различни музеи на уметност и археологија. Првиот чекор за создавање на овој музеј датира од 1471 година, кога Папата Сикстус IV донирал бронзени предмети со потекло од античкиот Рим. Тој ги сместил овие артефакти во Капитолини Хил. Во 1536 година Микеланџело Буонароти дизајнирал градба со три куполи и плоштад на средината. За да биде комплетирано ова место, домот на музеите, биле потребни повеќе од 400 години. Кога ќе го посетите овој музеј, сигурно ќе останете воодушевени од ренесансната уметност, древните римски статуи, колекции на монети и накит и други артефакти.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

2. Музеј Ватикан

Ова е уште едно место каде истовремено можете да посетите повеќе музеи. Започнат со градба на почетокот на 16 век, музејот Ватикан се наоѓа во градот Ватикан. Првиот предмет кој е донесен во овој музеј бил порачан од Папата Јулиус II во 1506 година. Иницијалната колекција на предмети била изложена во Борџија апартманот. По некое време, била доградена и зграда за домашни предмети, а денеска музејот Ватикан е група на музеи со неколку скулптурни зданија.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

3. Музеј на кралски оружја

Ова е еден од најстарите музеи во Обединетото Кралство, а исто времено и еден од најстарите во светот. Во него се изложени најголемите колекции на оружје во светот: национална артилерија, огнено оружје и слично. Според некои забелешки, овој музеј бил отворен за посета прв пат во 1545 година.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

4. Музејот на ликовна уметност и археологија

Музејот за ликовна уметност и археологија во Безансон е најстариот музеј во Франција. Изграден во 1694 година, овој музеј е познат по своите големи колекции на археологијата, слики и својот ликовен кабинет. Помеѓу популарни предмети кои можат да се разгледаат тука спаѓаат остатоци од древниот Египет, мумии, уметнички творби, дела од значајни италијански, француски и шпански сликари, како и над 5.500 цртежи собрани од европските училишта.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

5. Ешмолскиот музеј

Лоциран во Оксфорд, Англија, ова е најстариот универзитетски музеј во светот. Во 1677 година, во него била изложена првата колекција од Елиас Ешмол. Следната година започнало комплетирањето на колекцијата која била завршена во 1683 година. Денес, музејот содржи значителни колекции на библиски ракописи , слики од Леонардо да Винчи, Рафаел, Микеланџело, дел од церемонијалната облека на Лоренс од Арабија и многу други дела.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

6. Музеј на Британија

Изграден во 1753 година, британскиот музеј е еден од најстарите во светот, а во него може да се погледнат предмети собрани од целата планета. Со повеќе од 7 милиони предмети, во овој музеј можете да го погледнете целиот свет во мало и се што некогаш влегло низ вратите на британскиот музеј. Голем дел од просториите на музејот на Британија денеска се оддели на древен Египет и Судан, оддел за грчки и римски антиквитети, оддел на средниот исток, Азија, Африка, простории на монети и медали, библиотеки и архива.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

7. Галерија Уфици

Лоцирана во Фиренца, Италија, овој музеј не само што е еден од најстарите туку претставува и еден од најпопуларните музеи. Тој исто така е познат како по своите колекции, така и по својата фамозна градба. Главното предворје на музејот е долго и право и води се до реката Арно на својот крај. Во времето кога бил граден овој монумент (изградбата завршила во 1581 година), овој двор бил навистина уникатен. Тука се изложени многу познати дела на Леонардо да Винчи, Сандро Ботичели, Микеланџело, Фра Филипо Липи, Каваџио и на други уметници.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

8. Белведере

Овој дворец е дом на збирка предмети собрани од царското семејство од Виена. Сопственик на овој комплекс – палата, конструирана да биде летната куќа, бил принцот Јуџин од Савоја. По неговата смрт, започнало собирањето на царските колекции, а потоа истиот бил отворен за јавноста. Првите предмети биле сликите на предците од династијата Хабсбург. Сликите во Кралската Галерија најпрво биле сместени во одделот Империал во 1776 година, но подоцна биле пренесенаина горниот дел – Белведере. Пет години подоцна, галеријата била отворена за јавноста.Кога ќе порасне моето дете ќе биде

9. Лувр

Лувр е можеби еден од најпопуларните и најголеми музеи во светот. И да, се разбира, еден од најстарите. Зградата во доцниот 12 век била замок, а француската револуција е периодот кога ова место било прогласено за музеј. Официјално бил отворен за посета на 10 Август 1793 година, со изложени 537 слики. Голем дел од предметите во овој музеј се превземени од црковно власништво. Денеска, во овој музеј може да се разгледаат на 35.000 слики и предмети.Кога ќе порасне моето дете ќе биде


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар