Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

Најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

Рабл е мачор од Ексетер, Англија и моментално е нарекуван најстариот мачор на светот, бидејќи неодамна го прославил својот 30-ти роденден. Рабл и неговата сопственичка Мишел Фостер биле најдобри пријатели уште откога го добила на подарок за нејзиниот 20-ти роденден во мај, 1988-ма година.

Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

Мишел верува дека тајната за долговечноста на Рабл е фактот дека го гледала како да е дете. Таа никогаш немала деца, па Рабл добива многу грижа и внимание.

Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

„Тој е прекрасен мачор, сепак малку се мурти поради староста. Има многу живот во него, но не мислам дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Нема да сака да доаѓаат многу луѓе да го гледаат и да прават галама за него. Сега е стар и не сака премногу внимание.“

Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

Најстариот мачор на сите времиња е Крем Паф кој бил роден на 3-ти август 1967-ма и живеел до 6-ти август 2005-та година. Мачорот живеел неверојатни 38 години и 3 дена.

Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

Рабл има уште многу пред да го помине рекордот, но Мишел е навистина горда на него. Таа се сеќавала на нејзиниот 20-ти роденден многу добро.

Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

„Тој беше дел од мачило што го имаше пријателка на сестра ми. Само што излегов од дома. Бев осамена бидејќи живеев сама, па го земав него. Многу е лојален. Живеевме во Лондон и многу се селевме.“

Можеби најстариот мачор во Англија го прославил својот 30-ти роденден

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар