Најсреќните држави во светот
Повеќето луѓе, без разлика каде живеат, сакаат да бидат среќни, но изгледа дека некои држави во целина се посреќни од останатите. Едно истражување кое опфатило повеќе од 16.000 луѓе од 20 држави ни покажува кои од овие нации се најсреќни.
Она што воопшто не изненадува е дека Шведска е на врвот од оваа листа, со неверојатни 88% од жителите кои изјавиле генерална среќа која се претпоставува дека е резултат на социјалната здравствена грижа, продолженото време за одмор, платените породилни одмори, високата економија базирана на еврото, генералниот недостаток на вклученост во вооружени конфликти, живата уметност и општествената култура, обврзувањето на универзална едукација, како и прекрасните природни пејзажи.