Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век
Идејата дека многу од популарните производи во минатото биле опасни и смртоносни не е воопшто нова. Жените од Елизабетанскиот период користеле козметика што содржела олово, а Викторијанците го употребувале арсенот за сѐ, меѓу другото и за зачинување на пилешко. Но, иако мислиме дека опасните производи за здравје и убавина се дел од минатото, станува збор за загрижувачки проблем на денешницата.
Секојдневно се рекламираат нови методи кои наводно можат да им помогнат на жените да изгледаат и да се чувствуваат подобро како што е вагиналната бања на пареа. Очигледните негативни последици не ги спречуваат жените одново и одново да ги применуваат штетните методи и производи. Во продолжение прочитајте кои се најсмртоносните женски производи што се појавиле на пазарот во 20-ти век…
Туширање со хемикалии што предизвикуваат воспаленија
Ако мислите дека „здравствените“ производи што предизвикуваат воспаленија се дел од древното минато, грешите. Речиси сите медицински лица тврдат дека миењето на вагината со гелови за туширање е непотребно и проблематично за природната вагинална флора. Меѓутоа, во 20-тиот век тоа било промовирано како нешто што ќе им помогне на жените во бракот (се сметало дека мажите нема да спијат со сопругите кои не користат гелови за туширање редовно поради „женскиот непријатен мирис“), но и како метод за заштита од несакана бременост.
Не само што тоа се покажало како неефективна контрацепција, туку било и многу опасно. Во 1953 година, Лизол (Lysol) бил еден од најпопуларните гелови за туширање на пазарот и тој содржел состојка што можела да доведе до сериозни изгореници и смрт. Иако модерните гелови за туширање нема да ви го направат тоа, со сигурност нема да ви бидат од никаква корист.
Барбитурати
На жените им се нуделе разни лекови за намалување на болката уште од 19 век. За пораѓање, нервоза, хистерија и менструални болки, жените на почетокот од 1800-тите земале лауданум, односно комбинација од опиум и алкохол, а потоа тие биле главните потрошувачи на нов вид лекови познати како барбитурати.
Веронал, најпознатиот од барбитуратите, бил достапен од 1903-та па натаму и бил користен од страна на славни личности како што е Вирџинија Вулф. Лекот овозможувал подобар сон и ги смирувал нервите, што се сметало за исклучително женски проблем. Меѓутоа, вероналот создавал зависност.
Интересно е тоа што подоцна лекарствата за нега на менталното здравје станале понеутрални во однос на полот за кој биле наменети. Валиумот бил нарекуван „Малиот помошник на мама“ (Mother’s Little Helper) поради истоимената песна на Ролинг Стоунс од 1966 година, иако во реалноста фармацевтските компании го намениле лекот и за двата пола.
Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…