Најсмешните причини за повик во полиција

Најсмешните причини за повик во полиција

Работата на операторот на телефоните на полицијата е многу тешка. Може да биде навистина стресна, а некои повици ги „следат“ операторите со години. Понекогаш нивната должност е да ги смират луѓето кои чекаат помош, некогаш треба да дадат совет кој ќе спаси живот, а понекогаш добиваат ужасни повици со лоши вести.

najsmeshnite-javuvanja-vo-policija-kafepaua.mk

Од друга страна пак, се случува да добијат и навистина интересни повици. Корисниците на Редит споделиле неколку вакви ситуации. Уживајте во смешните разговори.

„Добив повик од жена која ми рече дека мачката ѝ се качила на дрвото и не може да се симне. Знаев дека сака да дојде некој и да ѝ помогне, па ја излажав дека тоа е нешто што се случува само на филмовите. Потоа таа ми рече дека и нејзиниот сопруг се качил на дрвото по мачката, и сега и тој не можел да се симне.“

„Само што завршив со тренингот, добив повик за животно кој бараше итен одговор. Обично овој повик е резервиран за животни во сообраќај, или за бесни животни кои се опасност за некого. Личноста која ми се јави беше родител во училиштето на детето. Тој ми кажа дека во училиштето имало ракун. Испратив двајца полицајци, и едниот од нив го даде следниот опис за ‘осомничениот’: Осомничениот е мал, брз и носи маска. Можно е да ограбил неколку корпи за ѓубре. Го изгубивме бркајќи го.“

„Една жена се јави за да каже дека има луѓе во нејзината куќа кои се обидувале да ја киднапираат. Луѓето кои беа во куќата беа полицајци кои отидоа да ја уапсат.“

„Се јави едно момче кое исплашено кажа дека видел мртво тело на млада жена, во раните 20-ти, која носела само шорцеви. Тој ни даде детален опис, боја на коса, боја на кожа, позиција на телото, и кажа дека телото се наоѓало на периферијата на градот. Ние помисливме дека станува збор за ново убиство. Собравме неколку полицајци и се упативме кон местото најбрзо што можевме. Откако тргнавме, добивме уште еден повик од момчето кое ни рече дека станувало збор за елен, а не за девојка.“

„Не сум оператор, но ова е за моето момче кое се јави во полиција. Тој обично работи до доцна и си доаѓа во 2 часот наутро. Овој пат се врати неколку часа подоцна…
Момчето: Сакам да пријавам пожар. (Живееме на место каде што пожарите се чести.)
Операторот: Каде сте лоцирани, господине?
Момчето: На ридот, источно од градот.
Операторот: Може ли да бидете попрецизни?
Момчето: Да, (им даде детален опис). Оф, Боже! Станува посилен! Целиот рид гори!
Операторот: Смирете се, господине, веднаш испраќаме некој.
Момчето: Станува поголем! Зарем никој не го гледа ова?! Го осветлува небото околу него… огромен е! Оф, Боже! Ох… чекајте…
Операторот: Господине?
Момчето: Многу ви се извинувам… Обично не сум излезен ова време од вечерта, се вратив покасно. Тоа е… тоа е сонцето…
Оператор:
Момчето: Многу се извинувам што ви го потрошив времето, нема пожар, тоа е само сонцето што изгрева. Заборавете. Навистина ми е срам.
Оператор: Во ред е, господине, ќе го откажам повикот. Ви благодарам на јавувањето.“

„Една бремена жена, сигурно веќе во 30-тата недела, се јави за да каже дека лекарот ѝ забранил да има односи додека не се породи, и не ѝ било јасно зошто. Го погледнав нејзиното досие и видов дека има предвремени контракции, па ѝ кажав дека сексуалната активност може да предизвика контракции, па побезбедно е да се воздржува за бебето да остане внатре што е можно подолго. Тогаш исплашено ме праша: „Но како ќе го хранам бебето ако немам односи?!“ Пациентката била убедена дека нејзиното бебе се хранело со спермата на нејзиното момче, и дека бебето ќе изгладне ако нема односи. Ѝ објаснив за папочната врвца, но таа не ми веруваше сè додека не ја прашав за самохраните мајки и геј паровите и ја прашав како тие ги хранат нивните бебиња. После неколку моменти тишина, таа ми се заблагодари и пред да исклучи слушнав како вика по нејзиното момче.“

„Најдобрата приказна која ја имам е за едно момче кое се јави за рис кој бил пред библиотеката. Се јави задишан и кажа дека имало дива мачка која ги вознемирувала луѓето и не им дозволувала да влегуваат и да излегуваат од зградата. Бев во близина, па се упатив натаму. Прашав дали некој бил повреден, и тој ми рече не. Очекував група луѓе задржана на влезот од огромна мачка. Му реков да се држи настрана од неа и да остане на линија. Кога стигнав на клупата ме пречека маче кое имаше шари како на рис и почнав да го галам. Тогаш момчето шокирано ми рече дека сигурно некој го припитомил.“

Јас: Полиција, како можам да ви помогнам?
Пијан човек: Во продавница. Овој човек не сака да ми продаде пиво.
Јас: Во ред, зошто?
Човекот: Не можам да му покажам лична карта бидејќи немам 21 година.
Јас: Без лична карта не можете да купите алкохол, особено ако сте малолетни.
Човекот: Но другите продавачи ми дозволуваа да ги поткупам. Му го кажав тоа и тој сепак не ги прифаќа парите и не сака да ми продаде пиво. Натерај го да го прифати поткупот!
Јас: Нема да го натераме продавачот да прими поткуп, ниту пак да ви продаде пиво. Дали сакате да почекате таму додека да стигне полицаец за да разговарате во живо?
Човекот: Добро, ќе седам надвор и ќе ве чекам.“

Јас: Полиција, како можам да ви помогнам?
Јавувач: Има камен на мојот тревник! Камен!
Јас: Камен?
Јавувач: Нели ме слушна? Има камен на мојот тревник. Некој намерно го ставил овде. Требаше да го заобиколам со косилката! Камен!
Јас: Која е вашата адреса?
Јавувач: Вие сте полиција и не ја знаете мојата адреса? Па за што ви плаќам данок? Бескорисни сте. Камен!
Јас: Господине, која е вашата адреса?
Јавувач: Побарајте ме на Google Earth, сигурно ќе ме видите бидејќи има камен на мојот тревник!
Сега веќе мапата конечно ја покажа неговата локација, и беше од соседното село. Го оставив сам да се справи со каменот.“

„Не сум оператор, но еднаш бев испратен на повик поради дете што било отруено. Кога пристигнавме нè пречека 14-годишно момче и неговата мајка. Мајката инсистираше да му го испереме желудникот бидејќи голтнал гума за џвакање. Момчето гледаше во нас како да сакаше да ни каже дека мајка му е луда. Една година подоцна, истата адреса, истото семејство, повторно се јави за труење. Кога стигнавме бевме пречекани од истото дете и истата мајка. Мајката сакаше детето да биде однесено во болница бидејќи пробало марихуана пред една недела. Детето го имаше истиот израз на лицето.“

„Една госпоѓа се јави и праша дали може пожарната служба да го премести пожарот неколку километри на север бидејќи не сакала чадот да ѝ влегува во куќата.“

Јавувач: Отруена сум.
Јас: Во ред, веднаш ќе испратиме амбуланта. Кажете ми што се случи.
Јавувач: Се предозирав.
Јас: Што користеше?
Јавувач: Трева.
Јас: Марихуана?
Јавувач: Да. Умирам. Ве молам побрзајте.
Не ѝ беше ништо, само беше под големо влијание на марихуаната.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар