Најсмешните изјави од родителите за справување со нивните најмали

Најсмешните изјави од родителите за справување со нивните најмали

Улогата на родител е тешка, но несомнено е и забавна. Како што се приближува крајот на оваа година, време е да се насмееме со најдобрите родителски изјави кажани во текот на 2016-та година. Погледнете дел од нив кои со сигурност ќе ви го разубават денот.

Најсмешните изјави од родителите за оваа 2016 година

„Ајде да стапиме во брак и да имаме деца, па наместо да уживаме во утринското кафе, ти ќе можеш да правиш плетенка додека јас ги подготвувам оброците, така што сите ќе можеме да доцниме.“

„Станувањето родител значи поминување на остатокот од твојот живот во очајна потреба за туширање, одмор и силен пијалак.“

„Кога ме прашуваат како изгледа да се биде мајка, им го покажувам списанието што го носам 6 месеци со мене, затоа што сè уште не сум имала можност да го прочитам.“

„Постојат само две фази во родителството: Имање деца и имање деца кои може да ги достигнат работите од работната маса.“

„Родителството значи изненадување на самите себе секој ден, што се должи на тоа колку многу работи можете да завршите, додека постојано сте исцрпени.“

„Времето за одмор е мртво. Во негово сеќавање, бараме од вас да испратите вино во замена за цвеќиња.“

„Знаеш дека си родител кога од тебе ќе биде побарано да им ги покажеш сликите од книгата што ја читаш, на крзнените животни во собата.“

„На син ми му требаат четири минути за да ги облече своите чевли, но може да избрише три апликации и да отвори Нетфликс на мојот Ајфон за 12 секунди.“

„Кога бев дете никогаш не помислував дека во 2016 година родителството ќе значи пронаоѓање на изгубените полначи.“

Најсмешните изјави од родителите за оваа 2016 година

„Никогаш не знаев колку му е потребно на човек за да заспие, сѐ додека не добив деца. Во случај да се прашувате, тоа е 2 часа, 3 чаши вода и 18 книги.“

„Мојот 7-годишен син ми е лут затоа што мојот роденден е поблиску до роденденот на неговиот пријател, а не до неговиот. Во случај да се прашувавте, така изгледа родителството.“

„Ако некогаш сакате да видите колку сте трпеливи, гледајте 4-годишно дете како се обидува да го откопча патентот на својата јакна. По ова, треба да бидете прогласени за светци.“

„Мојата најголема загатка како родител: Зошто е толку тешко да заспиете некој на кој веќе му се спие.“

„Не знаев колку добро лажат моите синови сѐ додека не му кажаа на нивниот чичко дека ‘сакаат училиште’ со искрен изглед.“

„Без разлика колку пати и да се случи, најизненадувачкиот дел од денот за мене како родител е кога пластична играчка ќе почне да пее без некоја причина.“

„Кога вие и вашите синови тинејџери ќе се облечете и ќе излезете на вечера, па ќе сфатите дека би требало да ги оставите дома.“

„Им велам на моите деца дека имам фаворит – но не е никој од нив.“

„Последен ден од училиште е, каде ќе го носам моето дете од утре…“

„Децата се тивки. Не сум сигурна дали треба да бидам возбудена или исплашена.“

„Слушајќи ги моите деца кој има повеќе домашни задачи вечерва, звучи како да треба да направам кратко патување до продавницата за пијалаци.“

„Трик за пред родителство: Секогаш ‘умирајте’ први во битката. Така ќе се одморате подолго.“

„5-годишно дете: Само уште едно прашање пред да отидам во кревет.

Јас: Што?

Детето: Што претставуваат линиите на твоето чело?

Јас: …

Детето: Сега изгледаат луто.“

Најсмешните изјави од родителите за оваа 2016 година


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар