Најсмешните цитати од Стив Мартин кои сигурно ќе го разубават вашиот ден

Најсмешните цитати од Стив Мартин кои сигурно ќе го разубават вашиот ден

Стив Мартин е едно од најпознатите имиња во филмската индустрија. Како еден од најголемите комедијанти кои ѝ се имаат претставено на публиката уште од 70-тите години, филмовите со Стив Мартин се дефинитивно нешто што не смее да се пропушти. Но, она што не многу луѓе го знаат е дека, пред да стане актер, тој имал долга и успешна кариера како стенд-ап комедијант во која издал дури 4 комични албуми, а бил и еден од водителите на емисијата „Сабота вечер во живо“.

Знаејќи како да го насмее секој човек кој го слуша и гледа во живо или пред малите екрани, некои од неговите најсмешни цитати сигурно ќе ви го разубават денот.

(1)-najsmeshnite-citati-na-stiv-martin-koi-sigurno-kje-go-razubavat-vashiot-den-kafepauza.mk

„Ден без сонце е како, па знаете, ноќ.“

„Некои луѓе знаат како да ги употребуваат зборовите на вистинскиот начин, а други луѓе… ахх, немаат начин.“

„Сакам жена со глава на рамената. Мразам вратови.“

„Немојте да имате секс луѓе. Тоа води кон бакнување и многу набрзо ќе мора да почнете да разговарате.“

„Докторот прво ми ја кажа добрата вест: Ќе имало болест именувана по мене.“

„Мислам дека сексот е една од најубавите, најприродните, најздравите работи кои можат да се купат со пари.“

„Го гледав филмот ‘Клекнат тигар, скриен змеј’ и бев изненаден бидејќи не видов ниту тигри ниту змејови. И потоа сфатив зошто: тие се клекнати и се кријат.“

„Господе, тие Французи. Имаат различен збор за сѐ.“

„Зборувањето за музика е како танцување за архитектура.“

„Писателската блокада е само модерен термин измислен од плачковци за да имаат изговор да пијат алкохол.“

(2)-najsmeshnite-citati-na-stiv-martin-koi-sigurno-kje-go-razubavat-vashiot-den-kafepauza.mk

„За среќа, упорноста е одлична замена за талент.“

„Мислам дека забавата може да се стреми кон уметноста и може да стане уметност, но ако се забавуваш за да создаваш уметност, ти си идиот.“

„Го знаете оној поглед кој го имаат жените кога сакаат да имаат секс? Ниту јас.“

„Знаете, вашиот проблем е што немате изгледано доволно филмови – сите животни загатки се решени во филмовите.“

„Извинување? Бљак! Одвратно! Кукавички! Под достоинството на секој џентлмен, колку и да греши.“

„Има само една работа поради која би раскинал врска, а тоа е ако ме фати како ја изневерувам со друга жена. Нема да прејдам преку тоа.“

„Пишувањето е нешто што го правиш кога си ти подготвен, а глумењето е нешто што го правиш кога некој друг е подготвен.“

„Примив инјекција за грип и сега мојот оџак работи совршено.“

„Хаос среде хаос не е смешно. Но хаос среде ред е.“

„Верувам дека жената треба да се поставува на пиедестал, доволно високо за да можете да ѝ ѕирнете под фустанот.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар