Најславните цитати на Елизабет Тејлор

Најславните цитати на Елизабет Тејлор

„Клеопатра“, „Одеднаш“, „Последното лето“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ и ред други филмови се припишуваат на едно од најпознатите холивудски имиња во светот – Елизабет Тејлор. Ќе ја паметиме по нејзиниот талент, убавина, виолетови очи, како и по нејзините славни изјави кои ѝ помогнале да го стекне статусот на легенда. Во продолжение прочитајте 10 од нејзините најпознати цитати.

Најславните цитати од Елизабет Тејлор

„Жената која се досадува не вреди ни половина од жената на која ѝ досадуваат мажите.“

„Имам тело на жена и емоции на дете.“

„Многу сум посветена на бракот. Затоа се мажев 8 пати.“

„Кога некој е доволно луд да ми понуди милион долари за фотографирање, јас нема да бидам толку глупава да го одбијам.“

„Секогаш сум признавала дека во животот ме воделе страстите.“

„Необично е како годините нѐ учат на трпение. Колку што сме постари и имаме помалку време, толку сме поспремни трпеливо да чекаме.“

„Секогаш може да откриеш кои ти се вистински пријатели кога ќе се најдеш сред некој скандал.“

„Сум поминала низ сѐ и сешто. Јас сум вашата ‘Мајка на храброста’.“

„Проблемот со луѓето кои немаат никакви пороци е тоа што наместо нив имаат многу незгодни доблести.“

„На големите девојки им требаат големи дијаманти.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар