Најслаткото животно во светот
Дали сте подготвени да го видите најслаткото животно во светот? Фотографот Ин Черл Ким со години правел фотографии од слатки животни во Еверленд, најголемиот забавен парк во Северна Кореа. И од сите тие животни, само едно значително се издвојувало од останатите. Станува збор за пустинската лисица или фенек. Всушност на Ким толку многу му се допаѓало ова животно што дури му посветил цела папка со фотографии на Фликр. Тој вели дека пустинската лисица била најпопуларното животно на неговиот профил.Пустинската лисица е мало ноќно животно кое може да се најде во пустината Сахара во Северна Африка. Таа е позната по своите необично големи уши кои ги употребува за ослободување на топлина и за одржување на пониска телесна температура. И покрај тоа што таа е најмалата од сите видови лисици во светот, сепак нејзините уши се најголеми во однос на големината на телото. Бидејќи таа е неодолива, во некои делови од светот се смета за егзотично животно. Погледнете ги наредниве фотографии и веднаш ќе сфатите зошто.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.