Претходно
Најслатките зајчиња кои некогаш сте ги виделе
Зарем има нешто послатко од овие неодоливи животни? Доколку размислувате дали да чувате зајче, имајте на ум дека тие се доволно интелигентни да се тренираат во домот и можат да живеат до 12 години, а понекогаш и подолго. Се разбира, пред да го преземете тој чекор информирајте се добро за грижата за зајаците, иако тие не се премногу тешки за чување. Во меѓувреме погледнете ги следниве неодоливи фотографии кои без сомнение веднаш ќе ве натераат да посакате да имате вакво крзнено пријателче покрај себе.