Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале! - Part 2

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Патување во Париз

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Те молам Дедо Мраз,

Можеш ли да ми го оствариш сонот со тоа што ќе ми го покажеш Париз? Мајка ми кажа дека само еднаш се живее, па имај убав живот, таков каков што сакаш да биде.

Имам 7 години. Роденденот ми е на 11-ти мај.

Париз.

Мал скептик

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Дали навистина постоиш? Другарчињата велат дека не постоиш. Дали ти си Свети Никола? Бидејќи така би бил многу стар!

Јас мислам дека сум била 79% добра. Дали џуџињата навистина ја завршуваат целата работа за тебе? За Нова година би сакала куче мопс (ако можеш), Kidzoom flix, уште чудовишта Moshi, KidiCom Max, боди и 1-месечен билет за 5 посети во Дизниленд, Париз, игри за Нинтендо и среќно семејство.

Меган Беинс, 10 години.

На тој што признава пола му се простува

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Се обидувам да бидам добра, но понекогаш не можам да си помогнам.

Те сакам Дедо Мраз.

Поздрави ја Баба Мразица.

Мало дете со големо срце

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

За Нова година сакам сирачињата да го добијат мојот подарок, бидејќи тие би требало да го добијат наместо мене. Се надевам дека ќе си најдат семејство.

Од: Ема. Р. Гонсало, 2017, 10 години

До: Дедо Мраз

Пази куче! (и мачка)

Најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз што некогаш сте ги прочитале!

Драг Дедо Мраз,

Се извинувам за следниве факти:

1. Мачката може да те нападне. Биди внимателен.

2. Кучето може да ти ’ржи.

П.С. Нема намера да ти наштети.

3. Слободно направи си простор каде било за подароците.

Прочитајте ги и следниве смешни детски новогодишни желби и пораки до Дедо Мраз.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар