Најслаткиот поглед: Што сакаат да ви кажат кучињата кога ја навалуваат главата на страна?

Најслаткиот поглед: Што сакаат да ви кажат кучињата кога ја навалуваат главата на страна?

Дали и вие се топите кога вашето куче ќе ве погледне со оној неодолив поглед додека ја врти главата на страна? И покрај тоа што многумина би помислиле дека кучињата на тој начин се обидуваат да ви се умилкуваат, сепак истражувањата покажале дека зад ова однесување се крие сосема друга причина.

Најслаткиот поглед: Што сакаат да ви кажат кучињата кога ја навалуваат главата на страна?

Американскиот експерт за кучиња, Стенли Корен, тврди дека ова однесување кај кучињата е поврзано со способноста тие да покажат емпатија, односно сочувствување. Кучињата неверојатно добро го читаат говорот на телото и гласот на луѓето и соодветно реагираат. Кога им зборувате, тие разбираат сè и покрај тоа што буквалната порака се губи некаде во преводот. Тие сочувствуваат со вас и ја разбираат вашата лутина, а тоа ќе ви го покажат со навалувањето на главата на страна. Истото се случува и кога имате позитивни зборови за нив.

Кучињата се способни да препознаат одредени делови од човечкиот јазик, па кога тие ќе ја навалат главата додека им зборувате, најверојатно ве слушаат внимателно со цел да ги чујат оние зборови и модулации кои ги поврзуваат со забавни активности како јадење, шетање или играње. Ако размислите подобро, дури и ние луѓето го правиме истото. Кога ќе слушнеме нешто што нè погодува, ние ја навалуваме главата на страна како знак дека сочувствуваме.

Навалувањето на главата кај кучињата може да има поврзаност и со градбата на нивните уши. Иако кучињата чувствуваат фреквенции кои човечкото уво не е способно да ги чуе, сепак нивната способност да го откријат изворот на звукот е малку попрецизна од нашата. Кучешкиот мозок ги проценува дури и екстремно ситните разлики во врска со времето кое е потребно звукот да дојде до секое уво, па ситната промена на положбата на главата им овозможува корисна сензорна информации. Токму затоа и некои експерти веруваат дека кога ќе ја навалат својата глава, кучињата ги прилагодуваат своите уши за полесно да откријат од каде доаѓа одреден звук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар