Најслатката оставка на светот
Кога давате оставка и покрај тоа што уживате во работата и во работното опкружување, тоа отприлика изгледа вака:Да, испишаното на тортата е оставката на Нил Берет од Сан Франциско, а вие имате чест да ја прочитате, но не и да ја вкусите. 🙂
Почитуван г-дин Боверс,
Во текот на изминатите три години, мојата служба во „Hunters Point Naval Shipyard“ не беше ништо помалку од чиста возбуда, радост и уживање.
Сепак, решив дека треба да поминувам повеќе време со семејството и да им обрнам внимание на здравствените проблеми, кои неодамна ми се појавија.
Горд сум што бев дел од еден таков извонреден тим, а на компанијата ѝ ги посакувам само најдобрите потфати во иднина.
Ве молам прифатете ја оваа торта како известување дека ја напуштам мојата позиција, на 27-ми март.
Со почит,
В. Нил Берет
Па, кажете кој не би прифатил ваква оставка?! 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Jas ne bi prifatila, neka se obide uste ednas 😀