Најскапото Ламборгини на светот „Sesto Elemento“
Најскапото и најелегантното Ламборгини на светот ќе се појави по одбрани светски салони при крајот на 2011 година. Концептот за новиот модел „Sesto Elemento“, кој беше презентиран во Париз кон крајот на минатата година и успеа да привлече многу внимание, сега е во напредна фаза на развој. Се шпекулира дека моделот ќе се произведе во лимитирана едиција од околу 20 возила, кои ќе чинат по 2 милиони евра.Сепак, извршниот директор на Ламборгини, Стeфан Винклман вели дека шансите „Sesto Elemento“ да почне да се произведува сe 50-50. Суперколата тежи 1 тон, благодарение на материјалите од карбонски влакна. V10-моторот ќе достигнува до 100 километри на час за само 2,5 секунди.
Можеби сумата од 2 милиони евра личи неверојатно, сепак мора да се напомене дека Ламборгини го држи рекордот за продажба на 35 возила од моделот „Reventon“, кои чинат 1 милион секое, за само една недела.
————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
uuuu kolku e ubo…( a da si prodam se ida si kupam edno vakvo a? :DDD )
А може ќерката на сопственикот на Ламборџини да ја зеам за жена па да добијам едно вакво како поклон?! 🙂