Најскапо продадените имоти за 2013 година
Годинава не се сруши рекордот за најскапо продаден имот, меѓутоа беа продадени неколку големи и скапи имоти, кои вредат многу. Листата е направена според податоци од Форбс, а остануваат уште неколку дена за да се сруши годинешниот рекорд од 75 милиони американски долари.
Куќата на Хауард Маркс, Малибу
Имотот на Хауард Маркс беше продаден во јануари, 2013 година, а ја купи анонимен руски милијардер за огромни 75 милиони американски долари.
Имот во Источен Хемптон, Њујорк
Милијардерот и основач на „SAC Capital Advisors“, Стив Коен во 2013 година го купи вториот најскап имот. Тој за овој имот издвои 62,5 милиони американски долари.
„Casa Casuarina“ – Мајами Бич, Флорида
Поранешниот имот на Џани Версаче, некогаш беше ставен на продажба за 125 милиони американски долари, а во средината на септември на аукција се продаде за 41,5 милиони американски долари.
„Castello Del Sol“, Мајами Бич, Флорида
Имотот изграден во медитерански стил, се продаде во месец јуни за 30 милиони американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.