Најскапите начини да се искуси светот

Најскапите начини да се искуси светот

Кога патуваат, повеќето луѓе се трудат со што е можно помалку пари да видат и да се забавуваат што е можно повеќе. Ако припаѓате на ова огромно мнозинство, потрудете се по секоја цена да ги избегнете следните убави, но прескапи задоволства.

Хотели

Најскапата хотелска соба во светот е дел од хотелот „Президент Вилсон“ во Женева. Нуди панорамски поглед кон Женевското Езеро од едната и Мон Блан од другата страна. Вратите и прозорците се отпорни на куршуми, во една од дванаесетте соби е сместено едно пијано, друга служи како соба за билијард, трета како библиотека, а има и фитнес центар. Сето тоа чини 65.000 американски долари за една вечер.Најскапите начини да се искуси светот

Тура со авион

Smithsonian Journeys“ ја нуди најскапата приватна тура со авион. Наречена е „Културните и легендарни богатства на далечните земји ширум светот“, а ги опфаќа Јапонија, Папуа Нова Гвинеја, Индонезија, Виетнам, Бутан, Руанда и Јордан. При тоа туристите престојуваат во скапи хотели, а водичите доаѓаат од „National Geographic“ и неколку познати музеи. Ова 23-дневно патување чини 71.000 долари.

Крстарење

Цената на 124-дневно крстарење со луксузниот брод „Silversea Silver Whisper“ е неверојатни 1,5 милиони долари. За 12.000 долари на ден се добива префрлање до бродот од дома со хеликоптер, мермерни купатила, многу кавијар и егзотична глетка од вкупно 28 земји.Најскапите начини да се искуси светот

Храна

Најскапата храна во светот може да се најде главно во САД. Омлет од 1.000 долари има во Њујоршкиот хотел „Ле Паркер Меридиен“, најскапиот кавијар чини 48.750 долари, а една пица во „Nino’s Bellissima“ во Њујорк може да се купи за 1.000 долари. Верувале или не, една порција макарони со сирење во ресторанот „Мелис“ во Калифорнија чини дури 95 долари, додека во Конектикат се продаваат најскапите чоколатца – нешто повеќе од еден килограм чини 2.600 долари.

Оброк во ресторан

На менито на ресторанот „Арагава“ во Токио може да се најде само месо, но и покрај тоа е најскап ресторан во светот со просечна цена на оброкот од 217 долари. Тоа што нивното месо го прави посебно е фактот што се добива исклучиво од крави од видот Вагиу, коишто секој ден добиваат масажа, се хранат директно од раката на одгледувачите и пијат саке, само за да го дадат најсочниот бифтек што може да се замисли.Најскапите начини да се искуси светот

Разни атракции

Цената на влезот во музејот „Бирле“ во Цирих е 25 швајцарски франци, за посета на забавниот парк на филмското студио „Јуниверзал“ во Орландо мора да издвоите 85 долари, а следење во живо на натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона чини повеќе од 250 евра.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар