Најскапите хотелски апартмани во светот
Џакузи на кров, прозорци отпорни на куршуми и лични библиотеки се стандардна опрема која ја добиваат најбогатите хотелски гости во светот. Цените за ваков престој од соништата најчесто се движат од околу 13.000 долари до неверојатни 65.000 долари од вечер. Погледнете ја оваа листа на прекрасните хотелски апартмани кои го држат „рекордот“ во цена за една вечер…
Кралскиот апартман Тауерс Бриџ, Атлантис, Бахами
Овој апартман со 10 соби е опремен со златни каучи, како и со позлатени огледала и лустери. Оние кои го посетиле го опишуваат како бесрамен гламур. Во дневната соба која е со должина од 15 метри сите погледи ги примамува прекрасното пијано. Но, секако најголемото задоволство кај гостите доаѓа од целосно опремениот бар. Едновечерна посета на овој апартман би ве чинела 25.000 долари.
Апартманот Ритс-Карлтон, Ритс-Карлтон, Токио
Со своите 200 квадратни метри, овој апартман го поседува поголемиот број од карактеристиките на големите и скапи апартмани – прекрасни ленени чаршафи, мермерен тоалет, огромни кревети и телевизор со рамен екран. Највозбудливиот факт е дека се наоѓа меѓу највисоките облакодери во Токио со поглед накај Империската Палата и Планината Фуџи. Цената на овој апартман е 26.300 долари од една вечер.
Апартман Вила Ла Купола, Вестин Екселсиор, Рим
Овој апартман е еден од најголемите во Европа, кој е инспириран од античкиот Рим и е препознатлив по обемната употреба на мермер, витражи и фрески. Има и прекрасна тераса на која можете да уживате на сонцето, приватна бања со сауна, бања со пареа, како и приватно кино. Престојот за една вечер во овој апартман е 32.736 долари.
Претседателскиот апартман во хотелот Кала Ди Волпе, Сардинија, Италија
Овој прекрасен трособен апартман е со поглед накај брегот Смералда и се смета за еден од најубавите апартмани во светот. Со својот медитерански изглед и сензационалните погледи кон брегот, овој апартман исто така има и свој сопствен базен на приватна тераса на кров како и подрум за вино и надворешна сала за вежбање. Цената за една вечер е 32.736 долари.
Кралската вила, Гранд Резорт Лагониси, Атина
Доколку одлучите да го посетите овој трособен апартман, дефинитивно нема да има потреба ни да „мрднете со прст“, освен кога ќе посакате да се напиете мартини. Батлерот, приватниот готвач и пијанистот се тука да ви овозможат сè што ќе посакате. Доколку посакате да прошетате надвор од вашата соба, можете да ги посетите внатрешниот и надворешниот базен, салата за вежбање или пак, собата за масажа. Цената за едно ноќевање во овој апартман е 34.356 долари.
Хју Хефнер Скај Вила Палмс Резорт, Лас Вегас
Овој апартман изобилува со голем број поврзаности со Плејбој: почнувајќи од уметност избрана од самиот Хеф, огромен кружен кревет кој се ротира, внатрешен базен со логото на Зајачиците, па сè до уникатната спа-бања за зголемување на либидото. Овој апартман со големина од 836 квадратни метри, вклучува и огромна када, бар, маса за покер и фантастичен внатрешен водопад, но на големо разочарување на гостите не ги вклучува и добро познатите Зајачици. Цената за едновечерен престој е околу 35.487 долари.
Пентхаус апартманот во хотелот Мартинез, Канс, Франција
Хотелот Мартинез има добро познат ресторан, пијано бар и огромна приватна плажа. Што се однесува до Пентхаус апартманот, тој има дневна соба, трпезарија и сауна на ваше располагање, како и огромна тераса со прекрасен поглед кон брегот на Канс. Едновечерна посета на овој апартман би ве чинела 37.500 долари.
Тај Ворнер Пентхаус апартман, Хотел Четири сезони, Њујорк
Овој апартман со големина од 400 метри квадратни зафаќа цел еден кат на врвот од прекрасниот хотел Четири сезони, нудејќи ви прекрасен поглед од 360 степени кон Менхетн. Во овој апартман со 9 соби има платински и златни материјали, внатрешно-надворешна Зен градина, лустер кој одзема здив, а на располагање ви стојат и личниот батлер, личниот тренер/терапевт и приватниот возач. Цената за една вечер е нешто помалку од 42.000 долари.
Претседателскиот апартман во Раж Палас Хотел, Јаипур, Индија
Овој апартман со „палатски“ изглед бил поранешна резиденција на Махараџа. Со големина од скоро 1.500 квадратни метри, тој е еден од најголемите во Азија. Се протега на 4 ката и има сопствена тераса на кров, базен од кој има панорамски поглед кон розовиот град Јаипур и секако не смее да се заборави да се спомне и приватниот музеј. Престојот за една вечер во овој апартман изнесува околу 45.000 долари.
Кралскиот Пентхаус апартман во хотелот Претседател Вилсон, Женева
„Главниот победник“ меѓу сите овие апартмани со неверојатна цена од 65.000 долари за една вечер е Кралскиот Пентхаус апартман во хотелот Претседател Вилсон. За безбедносно најпретпазливите (или малку параноичните), нема подобро место од овој апартман кој има панорамски поглед кон езерото Женева и планината Бланк. Со прозорци и врати отпорни на куршуми, нема побезбедно место за „главите“ на државата. Апартманот со 12 соби има и приватен лифт, како и големо пијано, соба за билјард, библиотека и приватен фитнес-центар.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ima i bolji apartmani za tie pari po svetov neli!!! mene i ne mi se dopagjaat tolku…hahaha…ne se losi ama ima i 100-pati poubavi !!!