Најскапиот воз во Индија
Во јануари 2010 година, низ индиските железници се појави „Maharajas’ Express“ – најскапиот воз во државата, а можеби и во цела Азија. Со него се овозможува едно волшебно осумдневно патување, преку кое се запознаваат убавините и најпознатите знаменитости низ огромната Индија.Најевтино што можете да поминете е да потрошите 6.400 американски долари за целиот пат, или 800 долари по вечер. Оваа цена се однесува за едно лице и со неа добивате Делукс кабина. Има уште два вида полуксузни кабини кои чинат 900 и 1.400 американски долари, а најскапата е претседателскиот апартман кој чини 2.500 долари. Во возот можат да се сместат 88 патника, а во цената спаѓа бесплатна храна и пијалак.Возот има 24 вагони кои вклучуваат ресторани, бар, генератор, чувалиште за автомобили, спални и слично. Секој од нив е елегантно декориран, а собите за престојување имаат телевизори, дивиди плеери, телефони, интернет, сеф и сопствено греење. Во самиот воз има и продавница за сувенири, во која можат да се купат разни предмети, кои секогаш ќе ве потсетуваат на кралското искуство доживеано на ова патување.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.