Најсигурниот велосипед – проверете зошто
Седиштето на овој велосипед има двојна намена. Едната ви е добро позната, а другата штити од крадци. За неколку секунди, повлекувајќи го наназад, тоа се претвора во сигурносна брава и го блокира тркалото.
Навистина креативна и практична идеја, која барем малку ќе им го отежни животот на крадците на велосипеди. Секако нема да ги спречи да го украдат, бидејќи сè уште можат да го кренат и да го однесат.
Ако сте еден од оние кои често остануваат без велосипедот, можеби е време да набавите еден ваков. Посигурен е, или барем покул.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
интересно, ама најсигурно е за ограда да си го заклучиш и – нема гајле