Најромантичните градови во Европа за кои не сте ни размислувале
Некои градови се измислени за романтични моменти. На прва помисла, тоа се Париз и Венеција. Но, покрај овие два прекрасни града, во Европа има многу „скриени богатства“ – места каде што можете да ја доживеете романтиката во целост.
Па, доколку ви требаат идеи за вашето следно патување со партнерот, ова се најромантичните градови во Европа за кои не сте размислувале досега.
1. Осло, Норвешка
Како мешавина од удобни кафулиња и културни знаменитости, Осло е град во кој лесно ќе се вљубите. Доволно е да ја погледнете зградата на Норвешката опера и балет или да го посетите паркот Вигеленд. Ладните ветрови кои ќе ве пречекаат таму се симпатичен изговор за да се гушнете со вашиот партнер.
2. Миконос, Грција
Иако многумина мислат дека Санторини е најромантичното место во Грција, Миконос е остров кој, исто така, има свои романтични страни. Тука ќе најдете многу интересни плажи – совршени за романтика и прекрасни таверни со поглед кон море.
3. Копенхаген, Данска
Што се однесува до Копенхаген, тука љубовта секогаш е во воздухот. Многубројните канали и улиците со калдрма создаваат идиличен амбиент. Тука ќе имате можност да вечерате во реномирани ресторани, а софистицираниот бар Champagne во хотелот D’Angleterre е совршено место каде што ќе можете да наздравите за прекрасното патување.
4. Љубљана, Словенија
Љубљана не е синоним за попладневни пикници, држење за раце покрај река и за романтично јавање коњи во пар. Но, навистина треба да биде! Ова симпатично балканско гратче е совршено за снимање на некоја романтична комедија. Од активности, тука можете да посетите заедничка масажа во InterContinental или да одите на крстарење со брод на зајдисонце.
5. Гдањск, Полска
Доколку сакате да ја посетите Полска, одберете ја релаксираната атмосфера на Гдањск. Посетата на овој помалку познат град е вистинско волшебно бегство. Поминете ги деновите пиејќи сајдер и восхитувајте се на спомениците. Во вечерните часови, звуците на виолинистите се слушаат низ целиот град. Преромантично!
6. Ротенбург, Германија
Овој необичен град во јужниот дел на Германија има прекрасен баварски шарм, бајковита средновековна архитектура и неверојатни ресторани каде што можете да пробате германски специјалитети. Па, доживејте ја и романтичната страна на Германија.
7. Каскаис, Португалија
Каскаис ви нуди сѐ што можете да очекувате од едно крајбрежје – песочни брегови, ресторани на отворено и продавници за сувенири. Но, што го прави специфичен овој град? Големиот број вински барови. Неколкуте чаши добро португалско вино ќе го направат вашето патување уште позабавно.
8. Валета, Малта
Барокните знаменитости и тиркизното море се само дел од она што ја прави Валета примамлива за туристите. Тука ќе пробате специјалитети од автентичната кујна на Малта, а на најголемата шетачка улица има бројни продавнички за накит каде што момците можат да ѝ купат нешто на својата сакана.
9. Будимпешта, Унгарија
Кралицата на Дунав е совршена за романтично бегство. Дефинитивно, Будимпешта нема да ве разочара со својата понуда. Рибарските кули се одлично место од каде што можете да го гледате зајдисонцето над градот. Потоа, можете да се упатите кон Onyx, првиот ресторан во Будимпешта со две Мишелин ѕвезди, каде што ќе можете да пробате прекрасни јадења.
10. Бриж, Белгија
Не е тајна дека Белгија е позната по вафли, чоколади и пиво, а Бриж е градот кој може да ви го понуди сето тоа. Овој град кој го нарекуваат и „Венеција на северот“, поради бројните канали со кои е опкружен, е мешавина на живописни канали, калдрма и средновековни градби. Секако, не ги пропуштајте и панорамските погледи од камбанаријата во Бриж!
А еве и неколку совети како да организирате поволно патување од соништа.