Најромантичните филмски цитати на сите времиња

Најромантичните филмски цитати на сите времиња

Независно колку ги сакаме акциите, фантазиите или психолошките трилери, сепак романтичните комедии се филмската слабост на сите оние кои не можат да останат рамнодушни на љубовта и среќните краеви. И покрај сите клише моменти и предвидливи дејства, филмовите кои ја имаат љубовта како главна тема честопати знаат да нѐ изненадат и да нѐ расположат, а понекогаш дури и да нѐ утешат. Во тој контекст, прочитајте ги најромантичните цитати од филмовите, селектирани според мислењето на гледачите.

Најромантичните филмски цитати на сите времиња

„Најдоброто нешто што некогаш ќе го научиш е само да сакаш, и да бидеш сакан за возврат.“ – Мулен Руж (Moulin Rouge)

„Кога ќе сфатиш дека сакаш да го поминеш остатокот од својот живот со некого, ќе сакаш остатокот од твојот живот да почне што поскоро.“ – Кога Хари ја запозна Сали (When Harry met Sally)

„За мене, ти си совршена.“ – Љубов, всушност (Love Actually)

„Ако ти си птица и јас сум птица.“ – Бележникот (The Notebook)

„Ме освои уште со ‘Здраво’.“ – Џери Мегваер (Jerry Maguire)

„Единствениот начин да го поразиш моето ‘лудо’ е самата да направиш нешто лудо. Ти благодарам. Те сакам. Го знаев тоа уште од моментот кога те запознав. Жал ми е што ми требаше толку долго за да сфатам. Заглавив.“ – Во добро и во зло (Silver Lining’s Playbook)

„Јас сум само девојка која стои пред едно момче и бара од него да ја сака.“ – Нотинг Хил (Notting Hill)

„Сакав тоа да бидеш ти. Толку многу сакав тоа да бидеш ти.“ – Имате пошта (You’ve Got Mail)

„Не е важно дали момчето е совршено или девојката е совршена, сѐ додека тие се совршени еден за друг.“ – Добриот Вил Хантинг (Good Will Hunting)

„Треба да бидеш бакнувана и тоа често, од некој кој знае како.“ – Однесено од виорот (Gone with the Wind)

„Ме тераш да сакам да бидам подобар маж.“ – Најдобро што може (As Good as it Gets)

„Се колнам дека силно ќе те сакам во сите форми, сега и засекогаш. Ветувам дека никогаш нема да заборавам дека ова е љубов која се случува само еднаш во животот.“ – Заветот (The Vow)

„Тоа беа милиони ситни работи што кога ќе ги споиш значат дека требаше да бидеме заедно… И јас знаев. Знаев уште од првиот момент кога ја допрев. Се чувствував како да се враќам дома, но во дом кој не го знаев. Само ја зедов нејзината рака за да ѝ помогнам да излезе од автомобилот и знаев. Тоа беше како магија.“ – Бессони во Сиетл (Sleepless in Seattle)

„Ќе ми биде привилегија ако ти го скршиш моето срце.“ – Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault in our Stars)

„Во тој момент, целиот универзум како да постоеше само за да нѐ спои заедно.“ – Серендипити (Serendipity)

„Ме маѓепса, и моето тело и мојата душа, и јас те сакам.“ – Гордост и предрасуди (Pride & Prejudice)

„Велат дека кога ќе ја запознаеш љубовта на твојот живот времето запира, и тоа е вистина.“ – Голема риба (Big Fish)

„Тука сум и ја гледам. И таа е толку прекрасна. Го гледам тоа. Оној момент кога знаеш дека не си тажна приказна. Жив си, и стоиш и ги гледаш светлата на зградите и сѐ што те тера да се прашуваш.“ – Привилегијата да се биде срамежлив (The Perks of being a Wallflower)

„Според мене, најдоброто нешто што можеш да го направиш е да најдеш некој кој ќе те сака онаков каков што си. Добро расположение, лошо расположение, грд, убав, згоден, и сѐ друго.“ – Џуно (Juno)

„Ти си првото момче кое сум го бакнала Џејк и сакам да бидеш и последното.“ – Алабама, слатки доме (Sweet Home Allabama)

„Љубовта е страст, опсесија, некој без кој не можеш да живееш. Ако не почнеш од тоа, со што ќе завршиш?“ – Запознајте го Џо Блек (Meet Joe Black)

„Нема да биде лесно. Ќе биде многу тешко. Ќе мора да работиме секој ден, но сакам да го направам тоа бидејќи те сакам. Го сакам сѐ она што е твое, секогаш, јас и ти, секој ден.“ – Бележникот (The Notebook)

„Избери ме. Омажи се за мене. Дозволи ми да те направам среќна.“ – Свадбата на мојот најдобар пријател (My Best Friend’s Wedding)

„Животот не се состои во тоа колку пати ќе вдишеш, туку во моментите кои ти го одземаат здивот.“ – Хич (Hitch)

„Сѐ што сум направил, сум го направил за тебе.“ – Големи очекувања (Big Expectations)

„Многу те сакам, можеби повеќе од која било личност која може да сака некој друг.“ – 50 први љубовни состаноци (50 First Dates)

„Она што сакам да го направам во животот, она што сакам да го правам како професија, е да бидам со вашата ќерка. Добар сум во тоа.“ – Кажи што било (Say Anything)

„Би сакал да можев да направам сѐ на Земјава со тебе.“ – Големиот Гетсби (The Great Gatsby)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар