Најромантични филмски сцени на сите времиња

Најромантични филмски сцени на сите времиња

Расположени сте за малку романтика? Сакате да поминете ноќ со самите себе и на раат да ги полните марамчињата со солзи, додека истовремено правите гримаси пред телевизорот кои не се за пред други луѓе. Погледнете ги најромантичните сцени на сите времиња од кои срцето ќе ви затрепери, очите ќе ви се навлажнат, а душата ќе ви се исполни:

Titanic

Најромантични филмски сцени на сите времињаНезаборавната сцена кога Роуз и Џек се прегрнати на клунот на бродот Титаник е историска и вонвременска. Ако ништо друго, песната на Селин Дион „My heart will go on“ ќе биде вечна инспирација за сочни бакнежи и топли прегратки. Убавината во оваа сцена е страсниот бакнеж помеѓу главните ликови, а сето тоа е уште поромантично кога ќе земеме предвид дека нивната љубов траеше многу кратко.

When Harry met Sally

Најромантични филмски сцени на сите времињаДали тие некогаш ќе сфатат дека се еден за друг? Кога Хари конечно ќе ѝ изјави љубов на Сали (во вид на омаловажувачки говор, во кој меѓу другото ѝ кажува дека има брчки над нејзиниот нос), неговата лудост и симпатичност ќе направат цинизамот и неромантичноста кај гледачот да исчезнат.

Romeo and Juliet

Најромантични филмски сцени на сите времињаМожеби никогаш не сте помислите дека аквариумот би можел да биде романтичен, но за Ромео и Јулија, љубовната двојка осудена на пропаст, тука беше првата и најромантична средба која им се случила. Дали е романтичноста на филмот во саундтракот „Kissing you“ или во неодоливата насмевка на Леонардо Дикаприо, останува на вас да одлучите.

The Notebook

Најромантични филмски сцени на сите времињаОд моментот кога Ноа ќе се качи на панорамата за да ја покани Али да излезат, со цел да ѝ го привлече нејзиното внимание, па сè до моментите кога двајцата ликови ја осознаваат силата на нивната голема љубов во поодминатите години, ова е филм кој изобилува со љубов и романтика. Иако е навистина тешко да се избере само една сцена од овој прекрасен филм, сепак моментот кога Ноа ѝ вели на Али „Ако си ти птица и јас сум птица“ е еден од најромантичните, помеѓу многуте.

Moulin Rouge

Најромантични филмски сцени на сите времињаГламурозната куртизана Сатин никогаш не ни замислуваше дека нејзиното срце може да му припадне на сиромашен поет од долната класа, сè до моментот кога Кристијан ќе ја освои со најромантичната песна некогаш напишана. Додадете ги музиката на Елтон Џон и U2, огнометот и небото во Париз и имате загарантирана романтика.

Casablanca

Најромантични филмски сцени на сите времињаОва е една од најубавите срцекршачки љубовни приказни досега, помеѓу Ингрид Бергман и Хемфри Богарт кога ќе се сретнат во Казабланка после многу години од нивната разделба.

Love Actually

Најромантични филмски сцени на сите времињаАко за миг заборавиме на моралноста во овој филм (таа е тазе мажена, а тој е најдобар пријател на нејзиниот маж), најромантичната сцена без двоумење е кога Марк ќе ѝ ја покаже на Јулија љубовта која ја чувствува кон неа, презентирајќи ѝ постери со текстуални пораки пред вратата од нејзината куќа, една снежна вечер, иако и двајцата знаат дека нема да бидат заедно.

Breakfast at Tiffany’s

Најромантични филмски сцени на сите времињаКој го гледал овој филм сигурно се сеќава на најромантичната сцена од него, кога прекрасното дуо Одри Хепберн и  Џорџ Пепард ќе се прикрадат од продавницата за играчки, носејќи исти маски на себе и во тој момент двајцата ќе се изнасмеат. Тогаш секоја девојка би помислила: „Тој е тој магичен момент“.

10 Things I Hate About You

Најромантични филмски сцени на сите времињаГледајќи го „лошото“ момче Хит Леџер како ја пее песната „Can’t Take My Eyes Off of You“ може да го стопи секое женско срце. Уште кога Леџер тоа го прави пред училиште, мудро избегнувајќи го обезбедувањето, сцената станува уште послатка.

An officer and a gentleman

Најромантични филмски сцени на сите времињаОва е една од приказните кога принцот доаѓа на белиот коњ. Кога Риџард Гир ќе се појави во бела униформа, ќе ја земе Дебра Вингер во прегратките и ќе ја изнесе надвор од фабриката каде што таа работи, веднаш ќе се сетите на прекрасните љубовни бајки во кои некогаш сте верувале како мали.

Shakespeare in Love

Најромантични филмски сцени на сите времињаИако Вилијам не може да биде со Виола, во која е многу заљубен, тој ѝ ја посветува претставата на неа со зборовите: „За онаа која е моја хероина, цело ова време и нејзиното име ќе биде… Виола“.

A Walk to Remember

Најромантични филмски сцени на сите времињаЛандон знае дека Џејми е болна од леукемија и сака да ѝ ги исполни сите желби кои ги има напишано таа на нејзината листа: тетоважи, преминување граници и најголемата – да се омажи во црквата во која тоа го направила нејзината мајка.

Juno

Најромантични филмски сцени на сите времињаИако тие никогаш не беа официјално заедно, Џуно сфаќа дека е заљубена во таткото на нејзиното бебе, Поли Бликер и тоа додека сè уште е бремена. Гестот со кој таа ја покажува љубовта спрема него е личен, сладок и шарен: Џуно му го полни поштенското сандаче на Бликер со неговите омилени тик-так портокалови бомбони.

Која е според вас најубавата филмска сцена на сите времиња?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Snezanato Reply

    Casablanca

    ironija na izminati momenti koe ne se povtorlivi

  2. Tome Reply

    If Only…

  3. Anomis Reply

    10 things I hate about you…the best =] awww <3

  4. MEE Reply

    P.S I LOVE YOU … ste go izostavile

  5. Cosovic Reply

    The notebook…Ne samo taa scena tuku bukvalno celiot film :)))))

  6. Kristina Reply

    Odveano so vetror (Gone with the wind) – Clark Gable & Vivien Leigh – scenata na skalite 🙂 Se nadevam povozrasnite kje se slozat so mene

    • Маја Reply

      И помладите се сложуваат 🙂

  7. iv4e_butterfly Reply

    Titanic-film na site vreminja!! :))

  8. Kole Reply

    koj moze ako ne Leonid ( Dicaprio )

  9. Столе Reply

    A walk to remember, Casablanca од листата, а морам да ги додадам и Frankie and Johnny, Love in the afternoon.

  10. v Reply

    The notebook..definitely

  11. Mela Reply

    Cold Mountain 🙂

  12. Simona Reply

    Dobar izbor 🙂 Titanic, Love Actually and Notebook, omileni mi se 🙂 Gi obozavam, i cesto gi repriziram 😀

  13. Маја Reply

    AN AFFAIR TO REMEMBER, еден од моите омилени романтични филмови.

Остави коментар