Најрадиоактивните места на Земјата каде што сè уште живеат луѓе

Најрадиоактивните места на Земјата каде што сè уште живеат луѓе

На 26 април се навршија 32 години од нуклеарната катастрофа во реакторот Чернобил, во украинскиот град Припијат. На Земјата нема многу места кои се изложени на висок степен на радијација, па нивното влијание е ограничено. Но и покрај тоа, мора да се знае кои се овие места и истите да се избегнуваат, иако таму сè уште живеат луѓе.

1. Рамсар, Иран

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Жителите на овој град се изложени на зрачење во висина од 240 милисиверти (изведена единица мерка во СИ со која се изразува радијационата дозиметрија), додека максималното дозволено зрачење изнесува 20 милисиверти. Причината за оваа радијација се 9 врели подземни извори на јонизирачко зрачење. Радијацијата од овие извори веќе е впиена во градежниот материјал, во почвата и во водата за пиење. Токму овие зрачења се причина за повеќе од половина од генетските нарушувања кај жителите од овој град.

2. Гојаниjа, Бразил

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Во 1987 година двајца крадци влегле во напуштена болница, барајќи медицински отпад и пронашле капсула со високо радиоактивен цезиумов хлорид, кој се користел во уредите за радиотерапија. Ја земале капсулата со себе, притоа контаминирајќи голем дел од почвата. Бидејќи ова соединение има привлечна сина боја, некои деца го мачкале на кожата. Во овој случај починале четири лица. Озрачени биле околу 300 луѓе, а откако е констатирана катастрофата, бил отстранет горниот слој од почвата. Сепак, постојат уште неколку локации со висока контаминација.

3. Маилу-Су, Киргистан

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Рударски град кој и денеска носи големи последици од нуклеарната програма на СССР. Таму се ископувал и осиромашувал ураниум, а радиоактивниот отпад се закопувал на брегот на реката која минува низ градот. Во ова подрачје има зголемен број на заболени од карцином, а луѓето генерално имаат намален имунитет.

4. Селафилд, Велика Британија

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Селафилд е името на локацијата каде што се чува нуклеарниот отпад од реакторите низ цела Велика Британија, но и од неколку други држави. Радијацијата таму изнесува и до 280 милисиверти, што е и до 60% повеќе од фаталната доза на зрачење.

5. Ханфорд, САД

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Таму се складира 65% од нуклеарниот отпад од целата држава. Во 2017 тунелот на Ханфорд се срушил, закопувајќи го главниот влез. Оттогаш, САД стравува за нуклеарна еколошка катастрофа во овој реон.

6. Чернобил, Украина

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Станува збор за најпознатата нуклеарна катастрофа на тлото на Европа, од која се чувствуваат последици и ден-денеска во Украина, Белорусија, Русија и општо во северниот дел на Европа. Во градот Припијат, каде што се наоѓа реакторот Чернобил, сè уште постои забранета зона за приближување, а од минатата година остатоците од реакторот се покриени и со челичен капак.

7. Болницата во Припијат, Украина

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Ова е болницата каде што се донесени првите жртви од катастрофата во Чернобил, како и пожарникарите кои се обиделе да се справат со експлозијата. Нивната опрема била толку озрачена, што и денеска е затворена во подрумите на она што некогаш била градска болница во Припијат. Во близина на подрумот се измерени дози на зрачење од 500 милисиверти, додека самата облека зрачи со дози од 1.500 милисиверти.

8. Фукушима, Јапонија

Најрадиоактивни места на Земјата, во некои сè уште живеат луѓе

Во 2011 година, цунами ја прекина струјата во нуклеарниот реактор во Фукушима, поради што три јадра на реакторот почнале да се топат. Тоа предизвика ширење на радијација од 530 милисиверти на час, доволна да убие голем број луѓе, но и да ги уништи роботите кои биле пратени за детекција. Во изминатите години радијацијата се шири од повеќе дупки околу реакторите, па поради тоа во Фукушима постојано се работи на безбедно исфрлање на отпадот. Се верува дека ќе поминат најмалку 40 години пред градот да се врати во нормала.

Погледнете ги и овие потресни фотографии од враќањето на поранешните жители на Фукушима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар