Најпознатите реплики од „Картун нетворк“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“

Автор: Петар Џајковски

Фанови на цртаните на „Картун нетворк“ од 90-тите години, овој пост е посветен на вас и на вашите омилени херои!Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Ако до пред нешто повеќе од 10-тина години занесено зјапавте во вашите телевизори, а пак на нив во горниот агол стоеше добро познатото црно-бело лого со буквите „C“ и „N“, тогаш сигурно уживавте во авантурите на вашиот омилен „Картун нетворк“ јунак. Без многу должење, кој ги гледал знае колку беа добри и колку ни фали барем уште по една сезона од „Декстер“, „Авантурите на Били и Менди“…

1. Лабораторијата на Декстер (Dexter’s Laboratory, 1995)

„Omelette du Fromage“ – „Омлет со сирење“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Супергенијот од детe – Декстер смета дека хранењето на својата риба е побитно од учење француски, па наоѓа начин како да го научи преку ноќ. „Omlette du Fromage“ е единствената реченица која ќе успее да ја научи на француски, е воедно и онаа која ќе го претвори во „локал-селебрити“.

2. Плашливото куче Кариџ (Courage the Cowardly Dog, 1999)

„The things I do for love“ – „Што сè не правам за љубов“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Кариџ, кој со помош на својот компјутер ги прави најневеројатните подвизи за да ги спаси од опасност своите многу сакани стопани, пред сè Мјуриел (Muriel). Често запаѓајќи во екстремно тешки и крајно непријатни ситуации, знае да си ги каже овие зборови како утеха.

3. Џони Браво (Johnny Bravo, 1997)

„Mааan, I’m pretty“ – „Човече, ама сум убав“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Џони Браво изгледа како Џејмс Дин и звучи како Елвис. Тој е огромен нарцис со замаглен тек на мисли, карактеристики кои го водат во бескрајната мисија на вечна потрага, полна со неуспешни обиди, да се привлече и заведе припадничка на понежниот пол.


4. Ед, Едд и Еди (Ed, Edd n’ Eddy, 1999)

„GRAVY!“*

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Ед, Едд и Еди се чудни момци кои донесоа многу новини и глупава забава (во нејзиното најдобро светло) во нашиот телевизиски свет, но и во светот на цртаните филмови. Тие се тројца другари кои ги поминуваат деновите смислувајќи планови како да станат богати со тоа што ќе извлечат пари од нивните врсници. Секојдневните чудни авантури низ кои поминуваат најчесто се испреплетени со најголемата љубов на Ед – Gravy. Тој чува бескрајни залихи од овој сос во својата јакна, термос кој го носи секаде, па дури и во своите патики.

*Gravy – сос кој се добива од соковите кои природно ги испуштаат месото и зеленчукот при готвење. Постојат многу врсти а во цртаниот се спомнуваат следниве: Мексикански лут Тамале, Артички рибји, Јапонски Теријаки, Шкотски Хагис, сос од Швајцарско сирење и Италијански пица сос.

5. Џони Браво (Johnny Bravo, 1997)

„Ooooh, mama!“ – „Оооу, мама!“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Уште еднаш, несфатениот Дон Жуан, неуспешниот Ромео, самобендисаниот Казанова или со други зборови глупавиот гениј Џони Браво…

6. Драгон бол З (Dragon Ball Z, 1996)

„OVER 9000!“ – „Преку 9.000!“

Еден од најпознатите интернет цитати: „Преку 9000!“ – кажан за време на легендарната битка во која Гоку го брани човештвото од лошите Сајонци.

Иако овој цртан филм не е од продукцијата на „Картун нетворк“, сепак светската премиера на англиски јазик се случи токму на оваа ТВ програма.

7. Плашливото куче Кариџ (Courage the Cowardly Dog, 1999)

„Stupid Dog!“ – „Глупаво куче!“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“И повторно Кариџ, кој иако е херој во сите епизоди, не е ликот кој стои зад оваа реплика. Овие зборови се „трејдмарк“ на Јустис (Eustace – какво име :)): „YOU STUPID DOG!“

8. Лабораторијата на Декстер (Dexter’s Laboratory, 1995)

„Prepare to meet your doom Dexter!“ – „Припреми се за твојата пропаст Декстер!“

Најпознатите реплики од „Картун нетворк“Мендарк, како што се нарекува самиот, или Сузан како што го викаат неговите хипи-родители е заколнатиот непријател на Декстер и е во состојба да направи сè за да ги саботира неговите планови и да ја уништи неговата лабораторија. Реченицава погоре е проследена со единственото заразно Мендарк-смеење: хахаха ха-ха-ха хахаха



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Дерп :P Reply

    Од сите овие цртани,омилен ми е ,,Ed,Edd and Eddy ” Би сакал повторно да го гледам на маливе екрани особено на Картунетворк…

Остави коментар