Најпознатите криминалци во историјата
Нема некој кој не слушнал за славниот Ал Капоне, но дали знаете за што всушност бил обвинет овој гангстер? Или кој се крие зад прекарот „Били Кид“? Ова се најпознатите криминалци кои човештвото ги памети.
Били Кид
Вилијам Бони (1859-1881), познат како Били Кид, бил еден од најпознатите пиштолџии на Дивиот Запад. Учествувал во војната во округот Линколн, во Ново Мексико, каде што во 1880 година бил фатен и осуден на бесилка, но успеал да избега. Подоцна шерифот Пет Гарет го пронашол Били Кид и го убил. Се претпоставува дека Били Кид убил 21 човек, по еден за секоја година од неговиот живот, но според поновите информации, бројката е сведена на 9 луѓе.
Крвавата Мама
Кејт Ма Баркер (1873-1935), позната уште како Крвавата Мама (Bloody Mama), била лидер на бандата Баркер–Карпис во периодот помеѓу 1931 и 1935 година. Дел од криминалната банда која извршила безброј убиства, грабежи и киднапирања низ Америка, биле и нејзините пет деца кои несомнено биле убијци. На 16 јануари 1935 година Крвавата Мама и нејзиниот син Фред биле убиени од страна на ФБИ.
Ал Капоне
Алфонсо Габриел Капоне (1899-1947), познат како Ал Капоне, е најпознатиот американски гангстер кој се занимавал со коцкање, проституција и шверц на алкохол. Најголемиот масакр кој Ал Капоне го направил, бил масакрот во подземјето на 14 февруари 1929 година, кога ги убил речиси сите членови на противничката гангстерска банда. И покрај многуте злосторства што ги извршил, завршил во озлогласениот затвор Алкатраз, само заради затајување данок. Откако целосно го загубил здравиот разум, починал во својот дом на 25 јануари, како резултат на подоцнежна фаза на сифилис.
Бони и Клајд
Најпознатиот гангстерски пар, кој во 1967 година беше прикажан на големото платно преку Ворен Бити и Феј Данавеј, го сочинуваа Бони Паркер (1910-1934) и Клајд Бароу (1909-1934). Оваа љубовна двојка ја предводеше бандата на Бароу во серија грабежи и убиства во централниот дел на САД, помеѓу 1931 и 1934 година. Славниот пар завршил многу неславно кога биле убиени во заседа од страна на полициските службеници во руралниот дел на Луизијана во 1934 година.
Убавото момче Флојд
Чарлс Флојд (1904-1934) станал познат како Убавото момче Флојд, откако еден сведок на негов грабеж го опишал како „убаво момче со образи како јаболки“. Но Флојд отсекогаш го мразел тој прекар. Тој негирал дека бил вмешан во нападот во Канзас Сити во 1933 година, кога биле убиени четворица полицајци. Но и покрај тоа, Флојд бил застрелан од агентите на ФБИ во Оклахома во 1934 година. Неговиот погреб, на кој се смета дека присуствувале помеѓу 20.000 и 40.000 луѓе, бил еден од најголемите погреби во историјата на Оклахома.
Тројцата затвореници од Алкатраз
Иако многумина се обиделе, само тројца затвореници успеале да избегаат од Алкатраз и никогаш да не бидат повторно фатени. Френк Ли Морис (1926-1962), Кларенс Англин (1931-1962) и Џон Англин (1930-1962) се тројцата учесници во бегството од озлогласениот Алкатраз кое се случило во јуни 1962 година. Тие ги ископале ѕидовите од ќелиите, се движеле по вентилацијата и допловеле до заливот во Сан Франциско со помош на сплав кој самите го направиле. Никогаш повторно не биле видени.
Ли Харви Освалд
Ли Харви Освалд (1939-1963) наводно го извршил атентатот врз претседателот Џон Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година. Според разни владини истраги, Освалд испукал три куршума од еден прозорец во Тексас, кон поворката во која бил Кенеди. Меѓу другото, Освалд бил уапсен и за убиство на полициски службеник. Тој бил убиен два дена подоцна од страна на сопственикот на еден локален ноќен клуб, Џек Руби.
Џејмс Ерл Реј
Џејмс Ерл Реј (1928-1998) бил осуден за убиство на Мартин Лутер Кинг Помладиот во Мемфис во 1969 година. По атентатот, Реј избегал од САД во Лондон, каде што бил фатен. Тој се изјаснил како виновен за убиство и добил 99-годишна затворска казна. Подоцна ја повлекол својата исповед и избегал од затвор во 1977 година, но бил фатен три дена подоцна. Реј починал во затвор во 1998 година.
Џејмс Холмс
Џејмс Е. Холмс (роден 1987 година) е осомничен за масовното убиство во кое загинаа 12 лица, а повредени се уште 58 други, за време на прикажувањето на премиерата на филмот „The Dark Knight Rises“, на 20 јули 2012 година. За него се покренати дури 142 обвиненија кои вклучуваат убиство од прв степен, обид за убиство и експлозиви.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
A Brejvik?!?! 😀
Toj e psihopat kako i ovoj posledniov, a drugive se klasika 😀