Кои градови биле најфотографирани на Инстаграм за 2017 година?
Кога ќе видите нечија слика од патување на Инстаграм, можете навистина да го доживеете тоа место преку очите на таа личност. Од Инстаграм собрале податоци за тоа кои градови се најпознати на нивната социјална мрежа, и ја добиле следнава листа. Можеби ова ќе ви биде инспирација за вашето следно патување.
1. Њујорк, САД
Без разлика дали е божиќното дрво пред Центарот Рокфелер или пак само некоја обична улица, во овој град секогаш има нешто што може да се види. Не за џабе се вели дека Њујорк е еден од најубавите градови во светот.
2. Москва, Русија
Москва е дом на речиси 12 милиони луѓе и е најголемиот град во Европа. Архитектурата е светски позната и има 27 метри квадратни парк по човек. Ова е одлично место за луѓето кои уживаат во естетиката.
3. Лондон, Велика Британија
Лондон го има најголемиот систем на аеродроми во светот, па логично е многу луѓе да го посетуваат градот. Со Биг Бен, Бакингемската палата и панорамското тркало, може да биде навистина тешко да одлучите која знаменитост е најубава.
4. Сао Паоло, Бразил
За разлика од првите 3 градови кои имаат навистина студени зими, топлата клима на Сао Паоло го прави одлично место за летен фустан во февруари. Ако сакате да избегате од студот, ова е совршеното место за вас.
5. Париз, Франција
Триумфалната капија, Версај, Ајфеловата кула… ова се само некои од нештата кои можете да ги видите во неверојатниот Париз. Не треба да нè чуди тоа што овој град е еден од најпознатите на Инстаграм.
Продолжува на следната страница…