Најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот

Најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот

Ненадминливиот Робин Вилијамс, брилијантен комичар и актер, остави зад себе не само филмови туку и многу мудри цитати. Прочитајте дел од нив во продолжение.

Најпознатите цитати на Робин Вилијамс за светот, среќата и животот

„Мислам дека најтажните луѓе секогаш максимално се обидуваат да ги направат другите среќни. Затоа што знаат како е кога човек се чувствува безвредно, па не сакаат никој друг да се чувствува така.“

„Нашата задача е да го подобриме квалитетот на нашиот живот, наместо само да ја одложиме смртта.“

„Без разлика што ќе ви кажат другите, зборовите и идеите можат да го променат светот.“

„Порано мислев дека најлошото нешто во животот е да се биде сам. Не е. Најлошото нешто во животот е да бидеш опкружен со луѓе кои прават да се чувствуваш сам.“

„Престанете да се плашите од староста, бидејќи како што стареете така станувате помудри и полни со самодоверба.“

„Нема правила. Доволно е да го следите срцето.“

„Не сте свесни за вистинската загуба сè додека не изгубите нешто што сте сакале повеќе од себеси.“

„Се обидувам да ги сфатам нештата. Затоа, претпоставувам, верувам во судбината. Сигурно има причина зошто сум таков каков што сум. Сигурно има.“

„Не поврзувајте се со токсични луѓе. Подобро е да бидете сами и да се сакате себеси отколку да бидете опкружени со луѓе кои ве тераат да се мразите себеси.“

„Единственото оружје што го поседуваме е комедијата.“

Откако ги прочитавте најпознатите цитати на Робин Вилијамс, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта.

Извор: parade.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар