Најпознатите цитати на нобеловецот Албер Ками
Албер Ками е роден на 7 ноември 1913-та година, а починал на 4 јануари 1960. Тој е француски автор, филозоф и добитник на Нобеловата награда за литература во 1957. Ками повеќе сакал да биде познат како човек мислител, отколку како приврзаник на некое учење или идеологист. Затоа и во едно интервју од 1945-та година, изјавува дека не е егзистенцијалист и дека и тој и Сартр биле изненадени при поврзувањето на нивните имиња.
Албер Ками пишувал романи, раскази, драми, есеи, вистински приказни, колекции. Негови најпознати дела се „Странецот“, „Бунтовникот“, „Чумата“, „Митот за Сизиф“ итн. Тој е вториот млад добитник на Нобеловата награда за литература, по Радјард Киплинг. Само накратко уживал во неа, бидејќи три години по примањето на наградата, загинува во сообраќајна несреќа.
„Не чекори зад мене; можеби не знам каде одам. Не чекори пред мене; можеби нема да те следам. Само чекори до мене и биди мој пријател.“
„Никогаш нема да бидеш среќен, доколку постојано ја бараш смислата на среќата. Никогаш нема да живееш, ако постојано ја бараш смислата на животот.“
„Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.“
„Во најстудената зима, конечно сфатив дека во мене лежи вечно лето.“
„Некои луѓе мораат да вложат многу труд за едноставно да бидат нормални.“
„Да се самоубијам или да испијам кафе?“
„Шарм е да го добиете одговорот што го сакате без да го поставите конкретно прашање.“
„Постојат цели за кои вреди да се умре, но не и такви за кои вреди да се убие.“
„На крајот на краиштата, на човекот му треба поголема храброст за да живее одошто да се самоубие.“
„Не смееме премногу да се грижиме за другите, доколку сакаме да бидеме среќни.“
„Единствениот начин да се справиш со неслободниот свет е да станеш толку слободен што самото твое постоење претставува еден вид отпор.“
„Есента е втора пролет, кога секој лист претставува цвет.“
„Не верувам во Бога и не сум атеист.“
„Само ако одиш многу далеку, ќе ја најдеш вистината.“
„Не верувај им на твоите пријатели кога од тебе бараат да бидеш искрен со нив. Сѐ што сакаат е само да им го потврдиш доброто мислење кое го имаат за себе.“
„Големината на човекот се гледа во неговата одлука да биде посилен од својата судбината.“
„Општото добро се состои од среќата на поединците.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.