Најпознатите цитати на Џејн Остин

Најпознатите цитати на Џејн Остин

Џејн Остин е една од најпознатите британски романсиерки чии романи содржат дел од најубавите љубовни приказни на сите времиња. Преку нејзините дела, Остин се залагала за еднаква социјална положба на жената во бракот и воопшто, во општеството. Иако овие романи се одвиваат во минатото, сепак нивните ликови ги имаат истите грижи и соништа како и луѓето денес. Во продолжение прочитајте дел од најубавите и најпознатите цитат на Џејн Остин.

Најпознатите цитати на Џејн Остин

„Ако те сакав помалку, ќе можев повеќе да зборувам.“ – Ема

„Не постои шарм кој може да се рамни со нежноста на срцето.“ – Ема

„Бракот е навистина маневрирачка работа.“ – Менсфилд Парк

„Пријателството е најдобриот мелем за болките од разочарувањето во љубовта.“ – Опатијата Нортангер

„Мојата идеја за добро друштво се паметни, добро информирани луѓе кои имаат многу теми за дискусија – тоа е она што јас го нарекувам добро друштво.“ – Убедување

„Нема ништо што не би направил за оние кои ми се вистински пријатели. Не можам да ги сакам луѓето на половина, тоа не ми е по природа.“ – Опатијата Нортангер

„Но, запомнете дека сите кога-тогаш ќе ја почувствуваат болката од разделбата со пријателите, без оглед на нивното образование или сталеж.“ – Разум и чувства

„Мажот ја има предноста на изборот, жената пак, ја има само моќта да одбие.“ – Опатијата Нортангер

„Можеби го загубив своето срце, но не и самоконтролата.“ – Ема

„Постои некаква тврдоглавост во мене поради која никогаш не можам да поднесам нечија волја да ме исплаши. Секој обид да ме заплашат ме прави похрабра.“ – Гордост и предрасуди

Откако прочитавте дел од најпознатите цитати на Џејн Остин, можеби ќе сакате да ги прочитате и најубавите цитати на Волт Дизни.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар