Најпопуларните дестинации на Инстаграм за 2016 година
На Инстаграм можете да видите многу фотографии, а покрај другото, овде ќе најдете и неверојатни места за патување кои ќе направат да посакате да ги посетите уште веднаш. Откако ги видовме најпопуларните фотографии на Инстаграм за оваа 2016-та година, денес ви ги прикажуваме најпопуларните дестинации за оваа година, што можеби ќе ви бидат инспирација за да го испланирате вашето наредно патување!
1. Парковите Дизни
Во моментот постојат забавни паркови на Дизни во Калифорнија, Флорида, Париз, Токио, Хонгконг и Шангај. Паркот во Шангај е отворен оваа година.
2. Универзални забавни паркови
Постојат универзални забавни паркови во Калифорнија, Флорида, Јапонија и Сингапур. Во нив можете да го видите и волшебниот свет на Хари Потер.
3. Централ Парк, Њујорк
Познатиот парк на Њујорк има околу 40 милиони посетители годишно!
4. Тајмс сквер, Њујорк
Уште една атракција во Њујорк која добива околу 50 милиони посетители годишно.
5. Ајфеловата кула, Париз
Дали ве зачудува тоа што оваа позната структура на Париз се наоѓа на оваа листа? Таа е изградена од во 1889 година и е еден од најпознатите симболи на Франција.
6. Музејот Лувр, Париз
Секоја година повеќе од 9,3 милиони луѓе го посетуваат Лувр, најголемиот музеј во светот. Тука има околу 35.000 уметнички дела, вклучувајќи ја и Мона Лиза на Леонардо да Винчи.
7. Лас Вегас Стрип, Лас Вегас
Секоја година околу 30,5 милиони туристи доаѓаат во Лас Вегас за да се коцкаат, да се забавуваат и очигледно, да објавуваат на Инстаграм.
8. Пристаништето во Санта Моника, Лос Анџелес
Пристаништето во Санта Моника е дом на продавници, ресторани и сопствен забавен парк.
9. Мостот Бруклин, Њујорк
Мостот Бруклин е еден од најстарите мостови во Њујорк.