Најплатените модели во светот за 2016 година

Најплатените модели во светот за 2016 година

За модната елита, бројот на следбеници на социјалните мрежи станува сѐ позначаен. Иако Жизел Бундхен сѐ уште претставува модел којшто најмногу заработува и тоа 30,5 милиони долари годишно, Кендал Џенер која е трето место на листата и новодојдената Џиџи Хадид со петто место, полека, но сигурно се искачуваат на скалата со тоа што ги искористуваат многубројните следбеници на Инстаграм за да бидат повеќе профитабилни.

Најплатените модели во светот за 2016 година

Жизел Бундхен

Жизел останува жена по која се копнее: 36-годишната убавица заработила повеќе пари од кој било друг модел од 2002 година. Таа профитирала од соработка со Шанел, Каролина Херера и Пантен, а исто така огласува и за чевлите Арезо и „SkyTV“ во нејзината земја Бразил.

Најплатените модели во светот за 2016 година

Џиџи Хадид

Бундхен ја надминува својата бразилска колешка, Адријана Лима (која се наоѓа на второ место со приходи од 10,5 милиони долари), со 20 милиони долари разлика. Лима, најдолготрајниот Ангел во историјата на Викторија Сикрет, го постигна нејзиниот најголем годишен приход оваа година со помош на договорот со марката „L“, што е во сопственост на гигантот за долна облека, Мејбилајн и часовниците „IWC“, меѓу другите. Заедно, најплатените дваесет модели заработиле вкупна сума од 154 милиони долари во периодот од 1 јуни 2015 и 1 јуни 2016 година, пред оданочување на овој приход. Заедно, овие модели имаат приближно 200 милиони следбеници на Инстаграм.

Најплатените модели во светот за 2016 година

Адријана Лима

Најголемиот добитник од година во година е Кендал Џенер, која е на третото место на оваа листа, чиишто приходи се зголемени за 150%, односно 10 милиони долари во 2016 година. Таа има големо присуство на социјалните мрежи и бележи 64,4 милиони следбеници на Инстаграм, повеќе од кој било друг на листата, при што склучила договори со Есте Лаудер и Келвин Клајн кои на нејзината популарност на социјалните мрежи гледаат како на најдобра реклама за купување.

„Нашиот бизнис се промени“, вели Крис Геј, претседател на управниот менаџмент којшто ја претставува Џенер. „Овие модели стануваат сѐ повеќе и повеќе влијателни затоа што тие се канали на медиумите, не се само модели кои можат да бидат лице на кампањата, туку и моќно средство за дистрибуирање.“

Најплатените модели во светот за 2016 година

Кендал Џенер

Заедно со Џенер, на број три се наоѓа и Карли Клос, која ги дуплираше своите приходи од 2015 година со учество во повеќе кампањи од кој било друг модел. Таа рекламира повеќе од 18 различни брендови во периодот, вклучувајќи ги и Лореал и Сваровски.

„Модели, ѕвезди на Јутјуб, ѕвезди на социјалните мрежи – ова е нивната ера“, објаснува Иван Барт, претседател на моделите „IMG“ коишто ги претставува Хадид. „Моделите се на насловните страници на последните две изданија на списанието Вог: Џиџи Хадид во август и Кендал Џенер во септември.“

(5) Најплатените модели во светот за 2016 година

Карли Клос

Речиси една третина од овогодишните рангирани се нови. Дебитантската листа вклучува три модели на Викторија Сикрет: Лили Алдриџ, Јасмин Тукес и 20-годишната Тејлор Хил која е најмладиот член со заработка од 4 милиони долари годишно. Ангелите на Викторија Сикрет сочинуваат 30% од продажбата на најплатените модели, благодарејќи на својот профитабилен договор со производителите на долна облека.

Една неодамнешна анкета спроведена од страна на „FashionSpot“ којашто анализирала 236 реклами пролетта оваа година, покажала дека 78,2% од вклучените модели се бела раса, додека пак модели од црната раса се појавуваат со 8,3%, азиските сочинуваат околу 4%, а латинските – 1,7%. И покрај зголемените напори на агенциите се промоција на трансродовите или пак моделите со зголемена тежина, нивната застапеност не е голема.

Машките модели не се вклучени во рангирањето, бидејќи тие обично заработуваат многу помалку од женските модели, па оваа е една од ретките професии каде што разликата во плаќањето е спротивна, односно за истата завршена работа, жените заработуваат повеќе. Последен пат Форбс ги рангирал машките модели во 2013 година, каде што Шон О’Прај бил на врвот на листата со околу 1,5 милиони долари годишна заработка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар