Најплатените холивудски актери и актерки за оваа година
Списанието Variety открило колку заработиле холивудските ѕвезди изминатава година, а компанијата која најдобро платила еден од своите актери е Нетфликс.
Рајан Рејнолдс, кој на повеќето ни е познат како Дедпул и кој го позајмуваше гласот на Пикачу во следниот филм за Покемон, е најдобро платениот актер од Нетфликс. Веднаш зад него се нашол Двејн Џонсон.
Роберт Дауни Џуниор, ѕвездата од филмот „Ајронмен“ се наоѓа трет на листата, а веднаш после него е Том Круз. На листата се наоѓаат и Емили Блант, како и прекрасната Гал Гадот. Целата листа можете да ја погледнете во продолжение.
1. Рајан Рејнолдс за „Шест под земја“ (Six Underground) – 24 милиони евра
2. Двејн Џонсон за „Брзи и бесни“ (Fast and Furious) – 18 милиони евра
3. Роберт Дауни Џуниор за „Патувањето на доктор Дулитл“ (The Voyage of Doctor Doolittle) – 18 милиони евра
4. Вил Смит за „Лоши момци засекогаш“ (Bad Boys for Life) – 15 милиони евра
5. Џејсон Стејтам за „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ (Fast & Furious: Hobbs & Shaw) – 11,6 милиони евра
6. Том Круз за „Топ Ган: Одметник“ (Top Gun: Maverick) – 10-12 милиони евра
7. Емили Блант за „Тивко место 2“ (A Quiet Place 2) – 10-11 милиони евра
8. Бред Пит за „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood) – 8 милиони евра
9. Леонардо Дикаприо за „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood) – 8 милиони евра
10. Гал Гадот за „Вондер вуман 1984“ (Wonder Woman 1984): 8 милиони евра
11. Марго Роби за „Птици грабливки“ (Birds of Prey) – 7-8 милиони евра
12. Идрис Елба за „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ (Fast & Furious: Hobbs & Shaw) – 7 милиони евра
13. Бен Афлек за „Тројна граница“ (Triple Frontier) – 7 милиони евра
14. Кристен Стјуард за „Ангелите на Чарли“ (Charlie’s Angels) – 6 милиони евра
15. Мартин Лоренс за „Лоши момци засекогаш“ (Bad Boys for Life) – 5 милиони евра
16. Хоакин Феникс за „Џокер“ (Joker) – 4 милиони евра
17. Џесика Честејн за „Тоа: Поглавје 2“ (It: Chapter 2) – 2 милиони евра
Погледнете и кои се познатите личности кои заработуваат и после нивната смрт.